Како итно да си ја поправите фризурата

Како итно да си ја поправите фризурата

SHARE

Ако имате неуредна фризура, а сте ја изгубиле или заборавиле шнолата или ластичето, еве што можете да искористите и да си направите инстант-фризура.  

ПЛЕТЕНКИ 

Ако имате густа коса, направете си две плетенки. Со нив лесно ќе си го поправите изгледот, а можете и само да ги замаскирате, да ги извртите и да ги прикачите на главата. И запаметете: колку поцврсти плетенки ќе направите, толку подобро ќе ви стојат.

СТАПЧИЊА 
Ако немате подобро „помагало“ при рака, тогаш можете да искористите стапче или молив, да го извртите во косата и да добиете „опуштена“ пунџа.

ТВИСТ

Завртете ја косата и направете пунџа на врвот на главата или во долниот дел. Ќе имате интересно гнездо што е многу модерно оваа есен.

ЛЕНТИ 

Ако ви недостига „алат“ за фризура, искористете обични ленти. Направете коњско опавче или плетенка и украсете со лента. Ако немате ништо посоодветно, можете да искористите и лента од УСБ, врвка, што било што потсетува на материјал со кое можете да обликувате.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор