Дознајте кои тајни ви ги открива вашата коса

Дознајте кои тајни ви ги открива вашата коса

SHARE

Состојбата во која се наоѓа вашата коса открива многу за нашите навики, за исхраната и за начинот на кој ги живееме своите животи.

kosa

Можеби станувањето на вегетаријанец не беше добра идеја

За да ја одржите косата здрава важно е да се погрижите за тоа на организмот да му обезбедите доволно протеини и железо. Посоветувајте се со доктор доколку сакате да станете вегетаријанец.

Што ви прави шампонот против првут?

Иако со помош на шампонот против првут, тој исчезна, косата стана премногу сува. Секојдневната употреба на шампон против првут ја оштетува и ја суши косата. Ограничете го користењето на шампонот против првут на два пати неделно.

Можеби само ви треба малку време за приспособување на новите контрацепциски пилули

Секогаш кога ќе си поиграте со хормоните, телото реагира на чудни и изненадувачки начини. Кога жената ќе почне да користи ново средство за контрацепција нејзината коса може да стане сува и да го изгуби сјајот.

Се’ ќе биде во ред

Ако сте поминале низ тежок животен период, сте загубиле на килажа, сте страдале од несоница, сте се чувствувале уморно и исцрпено и сето тоа поминало, а вашата коса одеднаш почнала да ви паѓа, не се грижете. Косата не реагира на ништо ново, туку ова се случува заради она низ што сте минувале пред извесен период заради стресот и губењето на килограмите. Косата ќе се опорави.

Време е да закажете термин кај лекар

Иако е нормално косата секојдневно да паѓа, ако почне да ви паѓа со прамени, тоа не е добро. За тоа може да има многу причини, а некои од нив можат да бидат и сериозни проблеми со здравјето. Ако забележите дека губите поголема количина на коса и дека имате „дупки“ на темето, време е да посетите лекар.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор