Дали сте слушнале за крем-сода?: Вистински есенски тренд

Дали сте слушнале за крем-сода?: Вистински есенски тренд

SHARE

Ако помисливте дека станува збор за познатиот газиран пијалак или вкусен десерт, се излажавте. Крем-сода е боја за коса која стана апсолутен хит оваа есен.

Се работи за златно-беж боја на косата, од коренот до врвовите. Оваа нијанса го доби називот по газираниот сок со вкус на ванила. За името е најзаслужна  стилистката Сани Брук.  

Врвовите остануваат светли, а се практикуваат комбинации на прамени исти нијанси или кои се разликуваат минимално 2 тона. Прамените може да бидат најмногу 2 тона посветли или потемни. На овој начин косата добива структура.

Најдобро од се’ е тоа што крем-сода е руса нијанса, која не бара да се откажете од својата омилена боја на коса , а го одлага бојадисувањето на коренот и до 3 месеци. Од друга страна, пак, на бринетите оваа нијанса може комплетно да им го смени изгледот.

Текст: А.Велјановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор