Сара Џесика Паркер: Трогателна порака до синот (ФОТО)

Сара Џесика Паркер: Трогателна порака до синот (ФОТО)

SHARE

Ѕвездата на култната серија „Сексот и градот“, Сара Џесика Паркер неодамна му го прослави 15-от роднеден на својот син Џејмс и по тој повод објави негова фотографија од раното детство придружена со емотивна порака која ги разнежни нејзините обожаватели на социјалните мрежи.

„Среќен роденден. На мојот првенец. Веќе има 15 години. Мојот единствен син. Боже, мислев дека знам што е љубов во времето кога те родив. Ма, немав поим! Те сака мама“, порача актерката на својот инстаграм-профил.

Потсетуваме, покрај Џејмс, Сара Џесика Паркер и нејзиниот сопруг, актерот Метју Бродерик ги имаат и 8-годишните близначки Марион Лорет и Табити Хоџ кои ги добија со помош на сурогат-мајка, откако актерката долго време неуспешно се бореше со неплодноста.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор