Нови детали за венчавката на Наташа Беквалац

Нови детали за венчавката на Наташа Беквалац

SHARE

Поп-пејачката Наташа Беквалац третпат ќе го изговори судбоносното „да“, овој пат со новиот избраник Лука Лазукиќ, од кого е во четвртиот месец од бременоста. Наташа и Лука ќе се венчаат на 25 септември на омилениот остров на пејачката Ибица, но како што пренесуваат медиумите, тој ден нема да бидам опкружени со најмилите.

Датумот е избран бидејќи на 25 септември е роденденот на Наташа, а и овој брак, како и претходните два, нема да бидат склучени во црква, ниту пак во присуство на родителите, а овој пат, и во отсуство на нејзината ќерка од првиот брак, Хана.

Moja prva ljubav😍❤💎

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva) on

„Панонската барбика“ забрзано се подготвува за свадбата, која ќе се случи во луксузна вила на Ибица за точно 30 души, а српските медиуми информираат дека одлучила да не ја земе ќерка си затоа што и’ е поважно таа да не отсуствува од школо.

Пејачката ќе отпатува за неколку дена на Ибица, каде што ќе организира моминска вечер, додека преостанатите гости на младенците ќе допатуваат на островот точно на денот на венчавката.

„Лука и Наташа разговараа за свадбата и сфатија дека е најдобро да не ги носат децата. Иако првобитна идеја беше на венчавката да се појават Хана и неговата ќерка од првиот брак, сепак се договорија да се откажат од замислата. Хана тргна на училиште и Наташа не сака да ги запоставува школските обврски. Девојчето ќе го чуваат родителите на Наташа, кои исто така нема да присуствуваат на венчавката, на која од најблиските членови на семејствотоќе бидат само нејзините сестри“, раскажува добро информиран извор.

Продолжува на следната страница…

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор