Прво VS второ дете: Разлики во одгледувањето

Прво VS второ дете: Разлики во одгледувањето

SHARE

По првото дете сè уште имаме енергија и надеж и посветени сме ѝ на идејата дека сè мора да се направи совршено. Но тогаш го добиваме второто дете и сфаќаме дека мора да ја промениме нашата визија за родителството и во некои работи попуштаме, а некои претерани правила ги заобиколуваме.

decaИсхрана

1.Првото дете: Свежо приготвено овошје, зеленчук, готвени оброци, мени на кое нема место за брза храна. Барем до моментот кога некој од блиските, кога не гледате, ќе успее да го понуди со првите грицки, смоки…

Второто дете
: Остатоци од ручекот, грицки, сендвичи, сок…

2. Облека

Првото дете: 100% памук, проверено потекло.

Второто дете: Веќе носената облека од постариот/постарата брат/сестра.

3. Бањање

Првото дете: Секоја вечер во када со соодветна големина со најдобриот природен гел за капење на бебе.

Второто дете: Двапати неделно. Преостанатите денови главно е делумно миење или евентуално туширање.

4. Рутина на заспивање

Првото дете: Завиткано во омиленото ќебенце со пеење песни и одење на спиење секоја вечер во истото време. Строго почитување на правилата на рутината бидејќи кај детето создава сигурност.

Второто дете: Заспива со шишето или цуцлата во устата на каучот во 22 часот.

5. Пријатели

Првото дете: Организирање дружење, договарање со мајките во паркот за следно дружење.

Второто дете: Пријател е со постариот/постарата брат/сестра.

deca-16. Играчки

Првото дете: Дрвени играчки со врвен квалитет, главно со потекло од земјите од ЕУ.

Второто дете: Играчки произведени во Кина, важно е да е ново.

7. Правила во врска со гледањето телевизија

Првото дете: Само „Бејби ТВ” и тоа максимум 23 минути.

Второто дете: Уште од 2 години има свој таблет, знае како да гледа слики на мобилен и секако, гледа долгометражни цртани.

8. Чевли

Првото дете: Од врвен квалитет со европски потпис, цената не е важна.

Второто дете: Марка без име или пак она што останало од првото дете.

9. Дадилка

Првото дете: Драгата комшивка која ќе ја цениме и сакаме до крајот на животот, која го носеше во паркот, на утринска и попладневна прошетка.

Второто дете: Никој. И онака не излегуваме.

10. Фотографии

Првото дете: Фотографии од болница, од првото запче, првиот чекор, првото излегување во паркот.

Второто дете: Освен снимката за колкчињата, друг „запис” нема.

Извор: Факултети.мк

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор