Ана Николиќ им го честита црковниот празник на сите, но новинарите ја...

Ана Николиќ им го честита црковниот празник на сите, но новинарите ја поткачија поради килограмите (ВИДЕО)

SHARE

Откако ја донесе на свет својата ќерка Тара, поп-пејачката Ана Николиќ се повлече од јавноста и од социјалните мрежи. Ако помисливте дека причината е нејзината посветеност на долгоочекуваната принова, се излажавте. Причината е големиот вишок килограми, кој пејачката го накачи за време на бременоста.

Сосема нормално, ќе се согласат голем број трудници и тазе-мами, но не и новинарите, кои одвај чекаат можност да ја „поткачат“ на сметка на нејзината тежина. Па така беше и овој пат…

Имено, Ана по неколку месеци првпат се огласи на социјалните мрежи споделувајќи видеоклип снимен во црква за време на празнувањето на куќната слава Свети Петка, но медиумите побрзаа да ја поткачат на сметка на физичкиот изглед, коментирајќи дека килограмите се’ уште се тука…

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор