Совети и трикови за урамнотежена исхрана и физичка активност

Совети и трикови за урамнотежена исхрана и физичка активност

SHARE

Ако одлучивте да си го смените животот и да почнете да практикувате здрав и активен начин на живот, има неколку правила што треба да ги следите. Основата на оваа промена е да почнете да се храните здраво и урамнотежено и да си воспоставите режим на вежбање.

Урамнотежената исхрана значи да избегнувате нездрава храна и да го храните телото со сите неопходни хранливи состојки. Тоа може да биде малку комплицирано ако земеме предвид дека голем дел од нас водат брз живот и немаат доволно време за да внесуваат здрав и хранлив појадок со кој ќе го почнат денот, па избираат појадок со масти и празни калории. Треба да ја имаме предвид и значајноста на појадокот како оброк во денот кој е најважен за телото и енергијата што тој ни ја дава за остатокот од денот. Затоа, појадокот треба да биде хранлив и здрав.

41_a_women_running_bridge_3682_flat_cmyk_select

Еве еден совет како да избегнувате да јадете нездрав појадок и како да го замените нездравиот појадок со урамнотежен и здрав оброк. Пробајте го Herbalife рецептот Наслада од јогурт што на телото му ги дава сите здрави нутриенти. Овој шејк се приготвува со 250 милилитри вода, 3 лажици јогурт со ниска масленост, 1 лажица овес, 1 лажичка рендана кора од портокал, 8 зрна суво грозје, 2 мерици (26 грама)Формула 1 со вкус на чоколадо и 1 мерица (6 грама)Протеински додаток. Ставете ги сите состојки во блендер и блендирајте додека не ја добиете саката конзистенција. Нутритивните вредности на овој појадок се: 16 грама протеини, 173 калории, 22 грама-јаглехидрати, 3 грама-масти и 3 грама-растителни влакна.

20-12

Шејкот може да го приготвите и со ѓумбир; едноставно во блендер измешајте 250 милилитри овошен сок, 6 лешници, 3 листови свежо нане, 1 прстофат свежо изрендан ѓумбир, 2 мерици (26 грама)Формула 1 со вкус на тропско овошје и 1 мерица (6 грама)Протеински додаток. Нутритивните вредности на овој појадок се: 16 грама протеини, 309 калории, 43 грама јаглехидрати, 7 грама масти и 4 грама растителни влакна.

И потоа спремни сте за вежбање. Изберете физичка активност што најмногу ви одговара. Аеробните вежби се важни за кардиоваскуларниот систем. Тие се карактеризираат со повторливи движења како што се трчање, пливање или возење велосипед. Со нив се тонираат и мускулите. Во секојдневниот режим на вежбање најдобро е да вметнете и малку аеробни вежби и малку вежби со отпор. Физички ќе бидете активни ако вежбате најмалку 30 минути со умерен интензитет, минимум 5 пати неделно. Секој половина час може да го разделите на вежби во траење од по 10 минути. Ако во моментов 30 минути ви се недостижни, почнете со онолку минути колку што може да издржите и постепено зголемувајте ги.

За добра општа состојба корисно е да применувате комбинација од 80 проценти висококвалитетна и урамнотежена исхрана и 20 проценти редовна физичка активност.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор