СЕФ полн 50.000 денари за пензионерка што го посети настанот „Месец на...

СЕФ полн 50.000 денари за пензионерка што го посети настанот „Месец на среќата“ на Државна лотарија на Македонија

SHARE

Денес, 3.11.2017 година, како што и претходно најавивме, Здружението на пензионери на град Скопје го посети настанот наречен МЕСЕЦ НА СРЕЌАТА, а во организација на Државна лотарија на Македонија и Црвен крст на град Скопје.

Пријатната атмосфера од заедничкото дружење на пензионерите и вработените во Државна лотарија на Македонија, и по многуте разговори, одговорени прашања, разменети идеи и мислења, беше крунисана со добивка од инстант лозот СЕФ вредна 50.000 денари.

Една од посетителките, пензионерката Верка Наумовска од скопска Кисела Вода, со ситните пари кои ги имала со неа, купи инстант лоз СЕФ, вреден 40 денари. И иако ова и беше прв инстант лоз кој го изгребала во Македонија, веднаш успеа да ја открие шифрата на СЕФ-от, која и донесе 50.000 денари. Добивката замина во прави раце, а првите честитки Верка ги доби од водителката Марјана Станојковска и од претседателот на Собранието на Сојуз на здруженија на пензионери на Град Скопје, господинот Љупчо Димовски. Инаку, Верка Наумовска е пензионерка која живеела во Шведска, каде на инстант лотарија изгребала добивка вредна близу 10.000 €, а СЕФ-от беше нејзин прв лоз купен во Македонија, и веднаш добитен со 50.000 денари.

Инаку, инстант лотаријата СЕФ на Државна лотарија на Македонија е полна со најразлични парични добивки, почнувајќи од 40 денари па се до 600.000 денари. Најголемата добивка од 600.000 денари е предвидена за тројца најуспешни отворачи на СЕФ-от, а за другите играчи овој инстант лоз нуди 5 добивки од 100.000 денари, 10 добивки од 50.000 денари итн. се до 135.000 добивки од по 40 денари.  Цената на инстант лозот е 40 денари, па затоа не пропуштајте ја шансата да го отворите СЕФ-от и да добиете една од 167.238 добивки кои ги нуди овој лоз. Играта е забавна, а лозот е добитен доколку трицифренета шифра впишана во полето ОТВОРИ ГО СЕФОТ се совпаѓа со една од трицифрените шифри кои се наоѓаат во шесте полиња означени со 1 2 3, а знаците € € ја кријат паричната добивка. Првата серија на овој инстант лоз е 500.000 лозови, а во неа секој трет лоз е добитен.

Инстант лотаријата на Државна лотарија на Македонија многу пати до сега израдувала многу играчи, бидете и вие дел од игрите на среќа, бидејќи само КОЈ ИГРА, ТОЈ и ДОБИВА.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО!       

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор