Новите зимски пневматици NOKIAN WR А4 – господари на зимата

Новите зимски пневматици NOKIAN WR А4 – господари на зимата

SHARE

СПОРТСКО УПРАВУВАЊЕ, ПРВОКЛАСНА ТРАКЦИЈА НА СНЕГ

1

Новите спортски пневматици Nokian WR A4 од најсеверниот произведувач на пневматици во светот, оптимално го комбинираат управувањето со високи перформанси и безбедната зимска тракција. Комбинацијата на технологијата Functional Performance Siping и гумената смеса Performance Traction Silica резултираа со иновација која го има последниот збор во технологијата и заради која овој зимски пневматик господари со сите зимски услови карактеристични за централно – источна Европа и наглите промени на температурата. Обезбедува апсолутно балансирано возење по снежна бура, лапавица, пороен дожд или по асфалт загреан од жешко сонце, што е мошне поволно за брзо возење.

2

Тестирана безбедност

Подобрените својства на зимска тракција на пневматикот Nokian WR A4 на снег и лапавица е резултат на четиригодишен развој. Шарите на слојот кој гази по подлогата, како и структурата и смесата на гумите ни ја претставуваат професионалноста на Финците на полето на најсовремени технологии и се резултат на безбројните часови поминати во моделирање, планирање, лабораториско споредување и автентично тестирање во различни услови. Повеќе од половината трошоци наменети за развој на производите во компанијата Nokian Tyres се потрошени на непрекинато тестирање на нивните производи низ светот.

Својствата на безбедност на пневматикот Nokian WR A4, моменталниот шампион на променливото зимско време, оптимизирани се и тестирани во сопствениот центар за тестирање на компанијата Nokian Tyres  наречен „White Hell “   кој се наоѓа во градот Ивало, Лапонија. Оригиналните методи за истражување на степенот на пролизгување на лапавица на патеките на Nokian, го доведуваат капацитетот на пневматикот на ново ниво. Извондредните својства за влажни и суви коловози се потврдени на средноевропските патеки за тестирање во Германија и Шпанија. 7 8

Безбедно и безгрижно возење

Пневматикот Nokian WR A4 има асиметричен дизајн на шари на слојот кој гази по подлогата што овозможува прецизно и моментално управување на лоши патишта и по лапавица.

Максимална тракција на снег – стоножна ламела

Со средната област доминира цврсто издолжено ребро кое е составено од блокови на површина која гази по подлогата со испакнати жлебови кои потсетуваат на траги од стоногалка. Наредената тродимензионална стоножна ламела обезбедува максимална површина на контакт и функционира со полн ефект под различни агли на свртување, зголемување на тракција на снег и лапавица и подобрена контрола.

Повеќе безбедност во зима, одлично управување

Страничните блокови на овој шампион во тракција имаат јака и густа ламела која е прилагодена за секој блок површина која гази директно на подлогата и се спушта од средината кон страните.

Удобно и тивко возење

Покрај безбедноста, удобноста е уште еден важен елемент кој се чувствува во текот на возењето.

Технологијата Silent Sidewell ја зголемува удобноста во возењето. Специјално прилагодената гумена смеса помеѓу страниците и газечката површина активно ја пригушува бучавата и вибрациите кои доаѓаат од возната површина, со што спречуваат понатамошно пренесување на штетни звучни бранови кои го иритираат човечкиот слух.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор