Најновото достигнување во козметичката дерматологија промотивно во Македонија

Најновото достигнување во козметичката дерматологија промотивно во Македонија

SHARE

img_1Доказ дека квалитетот привлекува внимание е првата промоција на новата колекција за нега на лице и тело TAIVA, одржана на 3 и 4 декември во Рамстор во центарот на Скопје.

img_2Преку илјада намерни и случајни минувачи застанаа пред штандот на TAIVA за да дознаат нешто повеќе за најновите достигнувања во светската НЕВРОКОЗМЕТИКА, да добијат пробен примерок од палетата производи, но и совет од стручен дерматолог.

img_3Колекцијата дневни и ноќни крем и за лице се произведени според концептот на НЕВРОКОЗМЕТИКА – најновото достигнување во козметичката дерматологија, со сосема нов, изнонредно ефективен пристап кон негата на кожата. Дејствуваат длабински и стимулативно на меѓуклеточната комуникација, со што ја подобруваат функционалноста и структурата на кожата, давајќи ѝ младешки здрав и свеж изглед.

img_4Особено важно e да се нагласи фактот дека ниту еден од производите на TAIVA не содржи парабени и силикони, и има клиничко докажано дејство.

img_5Во палетата на TAIVA има ефикасни решенија за сите типови и старости на кожа. Секоја од кремите за лице брзо и лесно се впива и во својата формула содржи внимателно одбрани активни компоненти кои не предизвикуваат иритација и дејствуваат антиинфламаторно. Во зависност од типот на вашата кожа може да одберете некој од следните видови дневни и ноќни креми:

img_6-TAIVA CELL 2 CELL REPAIR – со Neuroguard, за сите возрасти на кожа со најситни до длабоки брчки.
– TAIVA HYDRO ACTIVE PLUS – со Hydrasalinol, за длабинска хидратација на сува и многу сува кожа.
– TAIVA NEW SKIN – со Corneosticker DS, за млада, сјајна кожа, со “нерамен“ изглед и отворени пори.
– TAIVA NEURO CELLULAR SOOTHING – со Neutrazen™, за чувствителна кожа.

img_8Во Фејсбук кампањата, секој оној кој во изминатиот период ја лајкна фан страната на TAIVA, како подарок доби пробни примероци  од креми за лице и гелови и креми за туширање. Некои од oние пак, кои освен LIKE оставија и своја е-мејл адреса беа наградени со крем за лице, млеко за тело или гел/крем за туширање. Судејќи по посетеноста на промоцијата, интересот за новите високо-квалитетни продукти произведени по американска лиценца е огромен, што укажува на фактот дека македонските потрошувачи знаат да препознаат квалитет и сакаат да се грижат за своето здравје и убавина.

Промотивниот караван на TAIVA продолжува, следна станица е Capitol Mall во скопската населба Аеродром од 10 до 12 декември. Освен промоции, најавени се и големи попусти на сите производи во повеќе парфимерии и аптеки низ земјата. Следете ја фан страната на TAIVA facebook/taivamk за да бидете во тек со сите промотивни настани и попусти на овој револуционерен бренд кој за прв пат се јавува на пазарот во Македонија.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор