Зошто „Хербалајф“ е водечка компанија за здрава исхрана

Зошто „Хербалајф“ е водечка компанија за здрава исхрана

SHARE

Со акцент на иновативни здрави производи, пристап поединечно создаден за секој клиент и за неговите потреби и со поддршка и со едукација како да се изгради или да се премине на здрав начин на живот, „Хербалајф“ е компанија која е целосно посветена на подобрување на животот на луѓето.

5785-herbalife15753Повеќе од 36 години, „Хербалајф“ им ги менува животите на луѓето преку обезбедување на најдобрите производи за исхрана во светот.

„Хербалајф“ е водечка компанија за здрава исхрана затоа што нејзините производи се направени со протеини, растителни влакна и витамини за да се надополни урамнотежената исхрана и да се поддржи здравиот, активен живот.

Посебноста на оваа глобално водечка компанија за здрава исхрана е специфичниот пристап во помагањето на луѓето да ги постигнат своите цели и да ги прифатат придобивките од здравиот начин на живот. Независните дистрибутери на „Хербалајф“ на своите клиенти им овозможуваат еден-на-еден тренинг и поддршка во нивните секојдневни предизвици во однос на правилната исхрана и режимот за тренинг. Со ваквиот посветен пристап, корисниците на „Хербалајф“ добиваат многу повеќе од само производ, тие добиваат стабилна поддршка и план како да ги исполнат или надминат своите лични цели во исхраната, тежината и вежбањето.

5785-herbalife16015Како резултат на оваа лична и исклучителна грижа за исхраната на луѓето, милиони корисници низ целиот свет ги користат протеинските шејкови, закуски, пијалаци за енергија и фитнес и производи за лична нега на „Хербалајф“.

Компанијата постојано се приспособува на потребите на новите генерации на потрошувачи преку континуиран развој на нови производи.

Производите за исхрана на „Хербалајф“ се развиени под научно раководство и се формулирани со витамини, минерали и други хранливи состојки, а многу од нив вклучуваат и разни видови растенија. Заедно со вежбањето и со урамнотежената исхрана, производите на „Хербалајф“ им помагаат на луѓето да живеат здрав, активен живот. „Хербалајф“, исто така, финансира студии на универзитетите и други истражувачки институции, за развој на науката која стои зад производите на  „Хербалајф“.

Советодавниот одбор за исхрана на „Хербалајф“ (NAB) се состои од водечки експерти во исхраната, науката и здравството од целиот свет. Овој одбор помага да се едуцираат и да се обучат независните дистрибутери на „Хербалајф“ за водењето здрав и активен начин на живот и добивањето соодветна исхрана, вклучувајќи ја употребата и намената на хербалајф-производите. Експертите од Советодавниот одбор стојат зад производите „Хербалајф“ со цел да се олесни усогласеноста со локалните власти.

Компанијата, исто така ја поддржува Herbalife Family Foundation (Хербалајф семејна фондација) и нејзината програма Casa Herbalife (Хербалајф куќа), која помага кон обезбедување на подобра исхрана за децата кои имаат потреба од тоа. Воедно, компанијата спонзорира повеќе од 190 одлични спортисти, тимови и настани низ светот, вклучувајќи ги и Кристијано Роналдо, ЛА Галакси и други шампиони во многу спортови.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор