Дознајте која болест на очите се лекува со методот „крос-линкинг“

Дознајте која болест на очите се лекува со методот „крос-линкинг“

SHARE

Иако живееме брзо и динамично, грижата за здравјето на очите не треба да ја занемаруваме. Колку повеќе сме поинформирани за очните болести, толку побрзо ќе реагираме за да го спречиме нивниот развој.

keratokonusСè позастапена е болеста на очите наречена кератоконус, која се манифестира со промена на обликот на рожницата, односно таа значително се истенчува, се надувува како балон, а таквата состојба доведува до слаб вид. Нема конкретна причина за појавата на кератоконусот. Може да биде генетски наследен, но во денешно време е толку многу застапен што сите случаи не може да се врзат исклучиво за наследни. Болеста најчесто се појавува кај помладата популација. Има случаи каде кератоконус е дијагностициран кај деца на возраст од 6-7 години, но најчесто на возраст од 15-20 години. Колку е пациентот помлад, напредувањето на болеста е побрзо, а прогресија е можна до четириесеттата година кога возраста е природна бариера во напредувањето на болеста.

За среќа, во Систина Офталмологија, на Одделот за рефрактивна хирургија, специјалистите офталмолози имаат решение и за оваа, но и за сите други ваши очни дилеми. Доколку нешто во окото ве пече, чувствувате болка, очите ви се црвени, не одложувајте и закажете преглед кај офталмолог за да може со квалитетен третман да ја лекува секоја ваша состојба на очите.

fankaВо оваа очна клиника, се применува методата крос-линкинг со која се зајакнува ослабената колагенска врска меѓу рожницата и на тој начин се забавува или сопира понатамошното напредување на болеста кератоконус.

Се изведува околу два часа, во локална анестезија со капки, така што зафатот е целосно безболен. Вистинските резултати по крос линкинг се проценуваат по 6 до 12 месеци по зафатот кај возрасни пациенти, а кај деца потребни се и до 24 месеци.

„Со новите усвоени протоколи на последниот стручен собир CXL experts meetinig, одржан на 2 и 3-ти декември во Цирих, ќе се зголеми ефикасноста во третирањето на оваа болест“, вели специјалистот офталмолог д-р Фанка Гилевска од Систина Офталмологија, која присуствуваше на овој меѓународен стручен состанок на тема „Крос линкинг и третман на кератоконус” и додава:

fanka-1„На семинарот, на кој беа присутни офталмолози од цел свет, преку низа предавања, разменивме искуства и идеи за примената на крос линкингот како третман со кој се лекуваат инфекциите на рожницата на окото и се приклучивме на акцијата Light for Sight за рана детекција на кератоконус кај деца и млади во светот.“

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор