Два револуционерни производа: Heaven7 Biocellular ANTI-AGE

Два револуционерни производа: Heaven7 Biocellular ANTI-AGE

SHARE

replek3

Heaven7   Biocellular  ANTI- AGE  крем против  дамки. Максимално препорачана цена – 350 денари.

Тоа е крем кој во својот состав како главна компонента содржи  пептиди од морска репа.  Значајно е да се спомене дека постојат клинички студии кои укажуваат дека пептидите од морска репа имаат депигментирачки ефект  преку намалување на синтезата на меланинот . Пептидите лесно навлегуваат во кожата и помагаат во избелување на кожата.

Дополнително со  витаминот Ц и полифенолите кои се исто така составен дел од формулацијата го прави овој крем вистински  избор во борба со темните дамки на Вашата кожа од различна природа.

Со редовна употреба наутро и навечер, Вашата кожа повторно ќе блесне, а  дамките на Вашето лице постепено ќе избледат. Без парабени и вештачки бои.replek4

Heaven7  Biocellular  ANTI- AGE, крем против брчки за околу очи. Максимално препорачана цена – 310 денари.

Heaven7 Biocellular Anti age крем против брчки за околу очи претставува мултикомпонентен крем за интензивен третман  со видливи резултати.

Овој уникатен крем против брчки во својот состав содржи комбинација од арганово  масло, хијалуронска киселина, екстракт од соја, екстракт од  пченица, ретинол  и  витамин Ц.

Аргановото масло е природно масло богато со антиоксиданси, кои имаат поволно влијание на кожата и го спречуваат нејзиното стареење.

Аргановото масло и хијалуронската киселина ја одржуваат влагата на кожата, ги намалуваат  постоечките брчки и го спречуваат појавувањето на нови.

Екстрактот од  соја  е со органско потекло богат со витамин Е  и активни компоненти (фитостероли) кои ја смируваат и  ја обновуваат кожата на лицето.

Екстрактот од пченични трици е со органско потекло содржи висока концетрација на фитостероли,  кои имаат улога на природни антиоксиданси и конзерванси.

Витаминот Ц е  силен антиоксидант, кој има поволно влијание на кожата и го спречува нејзиното стареење. Дополнително, витаминот Ц го стимулира создавањето колаген и помага во изедначување на тенот (избелување) на лицето.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор