Важноста на здравиот појадок

Важноста на здравиот појадок

SHARE

5785-herbalife16067

Денот идеално започнува со најважниот оброк – здрав појадок, кој не треба да се избегнува затоа што појадокот го снабдува организмот со енергија во текот на целиот ден.

Нашето тело има потреба од јаглехидрати (леб, целозрнести житарки) за да има доволно енергија за започнување на денот, овошје што го снабдува телото со лесно и брзо достапна енергија, растителни влакна, а исто така и витамини и минерали. Млечните производи и другите извори на протеини го овозможуваат создавањето на клетките и создаваат чувство на ситост. Не треба да ги исклучиме и некои од здравите маснотии, како омега 3 и 6. Се препорачува избегнување на заситени масти и трансмасти.

Од што всушност се состои здравиот и балансиран појадок?

Ние во Хербалајф веруваме дека балансираниот појадок помага да ги внесете сите потребни нутриенти за еден ден.

Како што е препорачано во Глобалната филозофија за исхрана, 30 проценти од вкупното внесување калории треба да отпаѓа на протеини, 30 проценти од масти, а 40 проценти од јаглехидрати.

5785-herbalife16092Редовниот појадок помага лесно да бидат постигнати овие препораки.

Во идеален свет, сите би имале доволно време за избалансиран и хранлив појадок. Како и да е, во реалноста како резултат на притисокот од динамичното секојдневие, многу од нас се обидуваат да најдат време да подготват ваков оброк. Во овој контекст, Формула 1 шејкот од Хербалајф, може да ја надополни исхраната со нутриенти и протеини кои во спротивно може и да не ги внесеме во нашиот организам. Формула 1 шејкот, како оброк, содржи балансирана комбинација од протеини и јаглехидрати коишто помагаат при чувството на ситост во подолг период, а исто така помага и при одржување на енергетското ниво како дел од програмата за здрава исхрана. Вклучувањето на барем 25 грама протеини со ниско ниво на заситени масти во дневниот режим за исхрана, може да помогне во одржување на здравото ниво на холестеролот во крвта. Протеинот придонесува за создавање и одржување на мускулното ткиво како дел од програмата за физичка активност, а исто така содржи и есенцијални витамини и минерали кои помагаат во постигнување на балансиран режим на исхрана.

За среќа, Формула 1 здравиот оброк, шејк, е лесно да се подготви и ги содржи сите потребни хранливи состојки.

Покрај важноста на појадокот што не е преценета, ние веруваме во 80/20 формулата. Нашата филозофија е дека 80 отсто од водењето на здрав живот се базира на високо-квалитетна, избалансирана исхрана, а останатите 20 проценти на редовно вежбање.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор