Секогаш поинакви: „Клиник“ ги претстави своите есенски новитети

Секогаш поинакви: „Клиник“ ги претстави своите есенски новитети

SHARE

На големо задоволство на сите жени кои се грижат за својот изглед, ја негуваат својата кожа и знаат што сакаат, брендот Clinique постојано нуди нови можности за да се постигне тој ефект.

Професионалниот тренинг едукатор Глорија Мапилеле Тодоровиќ не запозна со есенските новитети на Clinique, во рамки на ПР-евентот кој се одржа вчера попладне. Дамите од македонската јавност и претставници на медиумите кои беа присутни на  тренингот имаа можност да ги пробаат производите и да го почувствуваат нивниот моментален ефект и квалитет.

Новите производи на овој бренд претставуваат решение за многу проблеми со кои секоја жена се соочува при одржување на совршениот мејкап’изглед и здрав сјај на кожата.

Сакате да ја поправите вашата шминка, без да ја отстраните после долгите часови поминати на работа, а притоа да изгледате свежо и сјајно?
Посакувате нежна кожа, мазна на допир за само неколку минути?

Clinique ви го овозможува токму тоа и многу повеќе. Нуди едноставни рутини со неверојатни резултати кои го даваат изгледот кој го посакувате.

Ви ги претставуваме есенските новитети на Clinique кои едвај чекаме да ги нанесеме на нашата кожа:

2-во-1 cleansing micellar gel + light makeup remover
Мицеларен отстранувач на шминка и нечистотии кој е едноставен и лесен за користење.

Овој Gel-to-water отстранувач не се измива, нежно ја отстранува нечистотијата и секојдневната шминка без притоа да ја намали хидратацијата со што кожата ќе остане свежа и мека на допир. Соодветно и наменето за сите типови на кожа.

Мицеларните производи делуваат како магнет кој ја привлекува и отстранува површинската нечистотија и вишокот маснотии. Производ кој е неопходен за вашата козметичка колекција.

Even Better Glow – light reflecting makeup SPF 15
Кој не би сакал да понесе со себе сјаен изглед на лицето во своето секојдневие?

Тајната на модерната сјајност се пигментираните бисерни честички кои инстантно ги прекриваат несовршеностите на кожата и иинстантно ја измазнуваат кожата.

Clinique even better glow течната пудра содржи лесна формула која дава свежина и модерен сјај, помага во заштита на кожата од идна дисколорација и предвремено стареење. Го осветлува тонот на кожата, видливо намалувајќи ги темните дамки.

За разлика од Clinique even better makeup, новата Clinique even better glow со својата надоградена формула, претставува нова димензија на посакувано совршен сјаен изглед.

Clinique Fresh Pressed System, powered by pure Vitamin C
Обновувачки прав за чистење на кожата со чист витамин Ц и Daily Booster со 10% чист витамин Ц, производ кој не е новитет, но секоја жена треба секојдневно да го употребува.
Зошто Clinique Fresh Pressed System е производ кој треба да биде ваше секојдневие?

Поради моќта на витаминот Ц со својата anti-aging состојка, овој производ ќе ја врати вашата свежина, ќе го изедначи тенот на кожата и ја потикнува природната обнова на кожата, видно поправувајќи ги оштетувањата настанати со делувањето на слободните радикали. Ги намалува лузните настанати после акни и го подмладува изгледот.

Има моментален ефект, ја враќа блескавоста на кожата и за само една недела ја менува текстурата на кожата и го изедначува тенот.

Наменет е за сите типови на кожа.

Не заборавајте дека успехот на третманите за кожа лежи во континуитетот и редовноста.

Овие производи ќе можете да ги најдете во парфимериите на Anabella ширум Македонија.

НАСКОРО во Anabella: Clinique Pep-Start Double Bubble Purifying Mask
Имавме можност да го видиме го видиме извонредниот ефект и моменталната трансформација на кожата со освежувачката гел маска Pep-Start Double Bubble.

Овој НОВ производ на Clinique ја чисти кожата од површинската маснотија и нечистота, истовремено освежувајќи ја. Од прва рака го почувствувавме ефектот на кожата која на допир е неверојатно мека и мазна за разлика од оние делови на кои не сме нанеле од гелот, со што се докажува моменталното влијание кој овој производ го создава.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор