Уникатна ревија Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото

Уникатна ревија Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото

SHARE

Љубители на модата, бизнис-сопственици, академици, историчари, претставници на владата и дипломатската елита – сите имаа можност вчеравечер во Музејот на Македонија да го проследат уникатното модно шоу, насловено Made in Macedonia: Cовремен дизајн накитен со минатото,на кое се претставија повеќе еминентни македонски дизајнери.

Настанот беше во организација на „Добре дојде, Македонија, Welcome Center “ и aмбасадорот на Соединетите Американски Држави, Н.Е. г Џес Л. Бејли и неговата сопруга Кејпи Полк Бејли.

„Драго ни е што првпат во Македонија организираме модно шоу коe претставува спој на културното наследство и најновите модни трендови. Очекуваме во иднина овој настан да стане и традиција“, изјави Емилија Миладининова Аврамчева, претседател на „Добре дојде, Македонија, Welcome Center“.

„Музејот на Македонија има извонредна колекција на традиционална македонска облека. Сакам да ги поддржам нивните напори за зачувување, заштита и промовирање на образовната вредност на овие културни предмети. Всушност, нашата облека и ткаенините раскажуваат приказна за историјата, животот и за културата насекаде во светот. Сфативме дека модерниот дизајн може да создаде ново културното наследство и да го зачува старото преку креативност, стил и додавање на современа нишка. Дизајнерите се и отсекогаш биле уметници, претприемачи и огледала на културата и традицијата”, г-ѓа Кејпи Полк Бејли истакна на отворањето на ревијата.

Низ вековите, македонските креации ја пренесуваат својата порака до современата мода и ја пресликуваат вечноста на префинетиот дизајн. Несекојдневните креации на шоуто беа претставени од страна на дизајнерите Никола Ефтимов, Ристо Бимбилоски („Румор”), Лидија Георгиева, Росица Мршиќ, Тања Кокев, Олгица Георгиева, Силвија („Алшар”), Антонија Ристовска, Никола Булески, Нела Тодоровска,  Роберт Ивановски и Ивана Кнез („Драма”).

Пријатели на настанот беа винарија Камник, лабараторија Биотек, козметика Авон, винарија Тиквеш, Витаминка, Fashion Group, Bushi Restort & Spa, Lux – Lightening & living, Хорти Експерт и Cool Cuts.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор