Ријана направи спектакл на Модната недела во Њујорк (ФОТО+ВИДЕО)

Ријана направи спектакл на Модната недела во Њујорк (ФОТО+ВИДЕО)

SHARE

Ријана сака да комбинира спортска облека со високи потпетици и на тој начин на својот стил „опасна девојка“ му дава доза на елегантен печат. Слично е и со новата колекција што ја направи: во неа има доста модели што потсетуваат на работнички комбинезони, на костими за сурфање, но во комбинација со апостолки на висока потпетица или со чизми со полна петица.

Зборувајќи за самата ревија, модните критичари велат дека Ријана направила вистинско шоу за „адреналинските зависници што водат сметка за модата“. Публиката ја поздрави качена на мотор, кој подоцна возачот го вртеше за 360 степени, прескокнувајќи ритче од пинк-песок.

#FENTYxPUMA SS18

A post shared by badgalriri (@badgalriri) on

Додаваат и дека Ријана ја „потресла“ модната недела во Њујорк со оваа необична ревија и дека токму нејзините шик и урбани модели, кои се инспирирани од модата од 1980-тите години, се она што им е потребно на модно освестените луѓе.

Продолжува на следната страница…

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор