Фустан и фармерки? Зошто да не! Еве како…(ФОТО)

Фустан и фармерки? Зошто да не! Еве како…(ФОТО)

SHARE

Со помош на стајлингот на различни начини можеме да ја претставиме својата личност.

Можеби сте се сретнале со овој тренд, но не сте му обрнале доволно внимание. Денес е еден од најпопуларните улични стилови. Во прашање е комбинација на фустани со фармерки. Колку и да ви изгледа чудно, овие комбинации се апсолутно прифатени, што докажуваат многубројните слики на познатите.

Ваков изглед може да носите во која било ситуација, а остава доста простор за играње со различни фармерки, панталони и фустани. Одличен е за ладните денови, кога би сакале да го носите омилениот фустан и да се потсетите на топлото лето, кое е далеку од нас.

Во галеријата ви претставуваме неколку парчиња по наш избор, најдобрите комбинации со фустани и панталони, а на вас е да го пронајдете вашиот омилен стил и да се инспирирате за почетокот на зимата. Уживајте!

Текст: Антонина Вељановска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор