Мода според хороскопскиот знак: 12 најдобри комбинации

Мода според хороскопскиот знак: 12 најдобри комбинации

SHARE

Хороскопките знаци имаат свои специфични карактеристики, но и посебен стил на облекување. Некои знаци е лесно да ги забележите поради нивниот впечатлив моден изглед, додека други претпочитаат едноставни и ненаметливи модни идеи.

Во продолжение, забавувајте се и пронајдете ја модната комбинација која ви ја “налагаат” ѕвездите.

Овен

Кога е во прашање модата, вие сте креативни. Вашиот прв избор нема дефинитивно да биде впечатливо парче облека или тесно мини здолниште. Вие имате поинаков пристап кога бирате облека, со кој се држите до класичните парчиња облека кои ги комбинирате на необичен начин и најпосле создавате издание во свој препознатлив стил.

Бик

Удобноста ви е на прво место, но тоа не значи дека не сакате да изгледате добро. Ги обожавате старите омилени фармерки, но секогаш ги комбинирате со шик патики со кои оставате одличен впечаток. Знаете да влеете личен печат во сè што носите, но никогаш не изгледате неприродно.

Близнаци

Стилт на облекување ја изразува вашата самоувереност. Вие знаете да одберете неутрален мини фустан кој одлично ќе го искомбинирате со впечатлив накит. Вашиот стил е невозможен за опишување бидејќи се облекувате во согласност со своето расположение.

Рак

Обожавате софистицирани парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода. Вашиот стил се одликува со класичен крој, а во вашиот ормар нема пастелни бои туку преовладуваат умерените нијанси како што се сивата, црната, беж или темноцрвената. Вие сте вистинско олицетворение на класичната женственост.

Лав

Секогаш сте во центарот на вниманието, благодарение на вашиот моќен карактер кој излегува на виделина и преку вашиот стил на облекување. Вие сте разиграни, сакате модни предизвици и не ви недостасува самодоверба, бидејќи без проблем можете да го облечете најблескавиот мини фустан, во комбинација со подеднакво впечатливи чевли и чанта.

Девица

На практичната Девица ѝ е важна функционалноста на облеката која што ја носи. Сакате женствени парчиња облека, но понекогаш знаете да облечете нешто со доза на сексипил. За вас, сè има свое место и време, па така е и со облеката.

Вага

Слично како и Овенот, сакате класични парчиња облека во необични комбинации, но сепак сте многу похрабри кога е во прашање комбинирањето на дезените и материјалите. Понекогаш сакате да одите во крајност, па еден ден знаете да облечете женствен фустан, а другиот ден да одберете сако и панталони во машки стил.

Шкорпија

Многумина би помислиле дека страствената Шкорпија е создадена за огнено црвен фустан, но вие сакате да носите парчиња облека со пригушен сексипил. Имате свој стил и се држите до истиот, кој најчесто се одликува со доза на сензуалност и отменост. Ретко излегувате без шик чевли, кои се честопати вашиот заштитен знак.

Стрелец

Вашиот стил може да се опише како одлично усогласен. По правило, обожавате светли бои, но кога е во прашање некој откачен дезен, знаете да “посегнете” по сите можни нијанси. Токму облеката со впечатлив принт е она што најпрво ќе го забележите во продавниците и ќе го посакате во својот ормар.

Јарец

Родени сте за деловна елеганција. Вредниот Јарец обожава строги деловни комбинации и знае како најдобро да носи костум од сите останати хороскопски знаци. За дневните пригоди, вашиот стил се одликува со едноставност, а за вечерните излегувања знаете да одберете пософистицирани класични парчиња облека.

Водолија

Храбро ги комбинирате боите и дезените кои никој не би се осудил да ги носи. Вие не се облекувате за другите, туку за себе, и секогаш го носите она што вам ве прави среќни, без разлика што мислат останатите. Вашиот стил се карактеризира со иновативност и разиграност, а речиси нема комбинација во која нема да вметнете некоја храбра боја, од која другите нема да можат да го тргнат погледот.

Риба

Вие сте романтичарка, а тоа јасно се одразува и врз вашата облека. Сакате боемски стил на облекување, лелеави парчиња и меки материјали – сè што ќе ве направи да се чувствувате како да лебдите на некој облак.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор