Со „У&З“, пробајте ги кремите на Vichy!

Со „У&З“, пробајте ги кремите на Vichy!

SHARE

Јулското издание на вашиот омилен женски магазин „Убавина и здравје“ ви ја нуди можноста да пробате некоја од кремите за нега против стареење на една од водечките компании во светот за производи за нега и третман на сите типови кожа. Со секој купен примерок на „У&З“ добивате флакон за проба на производите од различните линии за нега кои во детали ви ги презентираме во продолжение…

Од раѓањето, нашата кожа е програмирана или располага со „сопствен капитал на здравје“. Посветла, потемна, подебела, потенка, осетлива или отпорна…

Секоја жена има право на најдобрата верзија на својата кожа, без оглед на природата или животната доба, кожата може да се промени и да го достигне сопствениот идеал.

Во „Виши“(Vichy), сметаат дека негата на кожата е поважна од нејзината природа. Врз основа на своите богати искуства стекнати преку спроведените истражувања, во Vichy открија нови начини за постигнување ефикасни резултати во негата. Со соодветна нега, кожата може да се обнови, заштити, задрѓи влажност и хранливи материи и трајно да се промени. Идеалната кожа повеќе не е сон!

Во козметиката за нега на лицето со потписот на Vichy, постојат повеќе линии за оптимални резултати во зависност од индивидуалните потреби, а овој пат фокусот го ставаме на уникатните производи на оваа козметчка куќа, наменети за нега против стареење:

линијата IDÉALIA – производи за израмнување на површината на кожата, за рамномерен тен, против брчки;

линија LIFTACTIVнајдобрата линија против длабоките брчки со ефект на лифтинг;

линија NEOVADIOLпрва нега за жените во менопауза, производи наменети потенцирањето на контурите на лицето, јаболчниците, вратот;

SLOW ÂGE – производи за видливо успорување на предвидливиот тек на стареење на кожата.

Од 10.07 на ударните, а од 11.07 на сите продажни места, јулското издание на „Убавина и здравје“, а во него и мало пакување за проба на некоја од кремите на подарок!

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор