Септември со „Убавина и здравје“

Септември со „Убавина и здравје“

SHARE

Со првите септемвриски промени, доаѓа и новата септемвриска „Убавина“! Се радуваме на новата сезона, макар и дождлива, ги „прегрнуваме“ #НовитеЕсенскиВибрации и можноста за нови почетоци!

Пресвртниците во животот секогаш доаѓаат кога сме под притисок, или кога сме жртва на монотона рутина од која сакаме да излеземе, кога имаме проблеми или, едноставно, кога не ни е добро! Затоа, да ги земеме работите во свои раце, да се охрабриме и да ризикуваме, да ги свртиме работите на подобро!

Нашата ѕвезда од насловната – една од најомилените, истовремено и најомразените актерки, најубавите, и се во врска со неа е НАЈ, но, на крајот, Анџелина Џоли е само човек… Прочитајте како таа се справува со искушенијата кои животот ги „исправа“ пред неа во улога на соло-мама.

Анџелина Џоли: „Сите сè уште се лекуваме од настаните што доведоа до ова.“

Но, во септемвриската убавина, најголемата инспирација ни доаѓа од македонската кошаркарска легенда Владо Илиевски, за чие име се врзани најважните поени во историјата на македонската кошарка, како и најголемата спортска радост на нацијата. Таткото на Јакоб и Лука, зборува за откажувањето од кошарката, за семејството, за борбата со аутизмот на синувите, а им стои на располагање и на сите на кои им треба совет или помош во борбата со оваа дијагноза.

Анѓелка Прпиќ, ги открива своите ставови кон животот, партнерствата, љубовта… Се совпаѓаат ли со оние на Анѓелка од полуарната серија? За почеток, таа открива: „Не сум љубител на долги врски, бидејќи тие често доаѓаат во фазата „тапкање во место“.

„Нема смисла да се бара маж според некој список на желби. Мојот сопруг и јас се сретнавме во мигот кога и двајцата бевме подготвени за ’втора половина’.“

#НовитеЕсенскиВибрации во бјути-трендовите: шминка и фризура од првите редови на светските модни-шоуа. А овој пат бјути-разговор направивме со Наташа Малинкова.

Новата сезона носи нови #НовитеЕсенскиВибрации и во модата. Погледнете ја нашата модна приказна во модниот едиторијал на Александар Велов и Магдалена Медичи, a за главната модна тема ја одбравме деловната елеганција.

Кога сме кај новите почетоци, новата сезона и деловните теми, сте размислувале ли за почеток на кариера во странство? Нашите соговорници: Драгица Митева ни ги открива своите искуства како економистка во Германија, водителот Дамјан Дренковски зборува за својот ангажман како стјуарт во ОАЕ, Гордана Миновска за работата како компјутерска програмерка во Сиетл, САД, а моделот Елизабета Димовска ни ја откри својата непланирана островска авантура во Исланд.

Каде и сме со работниот ангажман, ајде во новата сезона да ги смениме лошите навики во исхраната на работа! Нашата соработничка, нутриционистката Цвета Динева не советува како да приготвиме брзо здрави и свежи оброци кои можеме да ги понесеме и на работното место.

Уште една од темите кои со задоволство ќе ги прочитате е и „Како не дефинира редоследот на раѓањето“, не е исто дали сте прво, средно или најмалото дете во семејството. Експертите велат дека тоа предодредено место влијае на нашиот карактер и во голема мера се одразува на нашиот живот.

Кога тишината зборува! Дознајте кои се „тивките луѓе“. Како се чувствуваат и однесуваат интровертите, а како екстровертите… Дали овие особини се наследени или ископирани од семејството? Во која група припаѓате вие?

А не пропуштајте ја темата посветена на секс-ед блогерките. Новиот бран на феминизмот кој е реакција на ограниченото знаење за сексот и едукација во училиштата на оваа тема, но и на мизогинијата, најзастапена во порно-филмовите.

Одморв во септември? Во патувачките белешки за септември го одбравме магичниот Пелопонез. Ве водиме во Месинија и Мани, во Каламата и на Елафонисос, доживајте ја и нашата авантура во пештерите Дирос!

Младата писателка Моника Трајковска ни ја открива инспирацијата за првиот роман „На работ од времето“ („Антолог“), кој е прв дел од научно-фантастичната трилогија „Наследството на Вероника“. Авторката, фасцинирана од непознатото се обидува да даде одговор на мистериите поврзани со човештвото, нашата планета, универзумот.

Метју Меконахи нашата личност од сегментот „Сцена“, гастро приказните зачинети со ладно цедени масла, а не пропуштајте ги и вестите од областа на домот и здравјето!

Читатајте не!

Да научиме да го сакаме септември, ако тоа не било случај до сега! 🙂

Ваша,

Јована Стојменовиќ,

главна и одговорна уредничка

#онаштонавистинаеважно

 

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор