Во јулскиот број на вашата „У&З“

Во јулскиот број на вашата „У&З“

SHARE

Драги наши,

„Убавина и здравје“ не e магазин што само се чита, “таа“ е осмислена да ви пружи уживање, па и доживување или да се се вклопи како парче во мозаикот наречен доживување и тоа она кое го посакувате.

Во рубриката „Животен стил“ ви ги претставуваме најубавите острови и највкусната храна со препорака од нашите блогери, но ви ја откруваме и тајната на прочуениот ресторан во склоп на хотелот со најуникатен амбиент во Охрид, „Мистер И

Во нашиот јулски или 110 број, се погриживме за тоа преку креирање содржини кои се поврзани со нашите најголеми желби за летни доживувања, а тоа е пред се одмор, релаксација, љубов, врски, страст, плажа, стилот на плажа, костими за капење, грижата и негата на телото и духот, хит-дестинации, вкусна храна, подароци… а, овој пат, ПОДАРОК  И ЗА СЕКОЈА ЧИТАТЕЛКА на „Убавина и здравје“! Со секој купен примерок, добивате мини-пакување крем против стареење од нашиот ексклузивен пријател и еден од најпосакуваните брендови за нега на секоја жена, Vichy! Во секој од примероците на магазинот има по еден флакон крем од повеќе линии за врвна нега на Vichy: IDEALIA, NEOVADIOL, LIFTACTIV или SLOW AGE, а уште e повозбудливо кога очекуваме што ќе ни се падне! Нели?! 🙂

Повеќе за линиите на Vichy инсертирани во јулскиот број

Но нашите приказни почнуваат со насловната страница на која во нашиот магазин навикнавте да гледате светски или, поретко, домашни ѕвезди… Овој број, просторот го отстапивме за три млади домашни манекенки. Имавме повеќе причини, тука ќе набројам две: посакуваме домашните манекенки повторно да доживуваат слава, каква уживаа моделите пред 15 години кога модата беше поголема страст за сите нас и второ, ние веруваме дека и тие, и вие, и ние, сите сме ѕвезди на „својот филм“ наречен живот, без оглед кој ни се насмевнува од насловната страница!

Сандра, Симона и Ирена, манекенки од студиото „Црнокрак“, во костими за капење: „Спрингфилд“, „Лисца“, „Лисца“

Помеѓу останатите содржини, стандардно во сегментот МОДА, ви прикажуваме кои парчиња на пазарот го привлекоа нашето внимание, изборот на модната уредничка Магдалена Медичи е „лето во принт“, а уживајте и во нашата приказна во модниот едиторијал, фотографиран од нашиот Александар Велов, кој на филмски начин ја долови нашата идеја за „јулска релаксација во Црешовата градина“. Ресторанот и коњичкиот клуб на Црешовата градина во Волково, како и инструкторките по јавање ни овозможија да направиме спомени и фотки за паметење, а младиот стилист за коса Сашко Захариевски – Сале се погрижи за нашите манекенки.

Утревечер, во продажба вашата нова, јулска "Убавина"!!! Стандардна, но и поинаква! 😉 Многу нови бјути и велнес теми, патувачки белешки, ПОДАРОК ЗА СЕКОЈА ЧИТАТЕЛКА и жешка, летна мода. 👙🕶🌞 Погледнете дел од нашата модна приказна – Летна релаксација во @_cherryorchard 🌳🏵🍒🐎со @stankovska_simona @___s.s___ @irena.trpeska @aleksandarvelov @maggiemedici @sase_123 @jovana_na_na_na Читајте не'!❤ #ubavinaizdravje #uiz #uiz109 #newissue #editorialshoot #lifestylemagazine #womenmagazin #fashionmagazine

A post shared by Ubavina i Zdravje (@ubavinaizdravje.mk) on

 

Во бјути сегментот се погриживме да ви ги обезбедиме најдобрите совети за убавина и нега во лето и на плажа, како и избор на препарати и цени на различни производи за заштита од сонце. За да бидат страниците позабавни, ви подготвивме мини-квиз за да го проверите своето знаење за правилна употреба на препаратите за заштита од сонце. Темата посветена на медицината против стареење ќе ви открие многу нови сознанија кои ќе ни помогнат во одржувањето на младешкиот дух и тело, а ви нудиме и решение за неколку летни бјути-проблеми.

Единствената, Лила Филиповска е дамата која за јулскиот број ги открива своите тајни за убавина и нега! На кои третмани и производи за нега таа им верува?! А бјути-уредникот Владимир Трајковски ви подготви посебна „листа на пакување“, производи за плажа без кои не можеме.

Лила Филиповска ФОТО: „Елена Лука“

 

Нашата Евровизиска претставничка, младата Јана Бурческа, во интервју ни ги открива случувањата зад сцената на Евровизија и оние кои ги видовме во Зелената соба: „Љубовта се случи“, порачува Јана.

Јана Бурческа, ФОТО: Ани и Дими, колекција „Гарден“, Антонија Ристовска

Посебно сме горди што за ова издание на У&З, покрај стандардните содржини за светските и регионални туристички дестинации, ви подготвивме поинаква приказна за Дојран. Доживејте го ова наше туристичко место низ призмата на Васко Спасовски кој ги обезбеди сите интересни факти, информации за сместување, местата и нештата наменети за релаксација, за забава, за уживање!

Специјален водич за Дојран низ фотограсфии, информации, доживувања на 16 страници.

 

Помеѓу сите овие страници за лето, плажа и убавина, нашиот колумнист внесе и малку иронија на тема „Летно тело, ремек-дело“. Во новата колумна, Владимир Ристевски ви ги открива неговите „подготовки“ за плажа, а има и што да каже за подготовките на сите останати  😆

…Јас, на пример, исто така почнав „да градам летно тело“ пред еден месец и како самоук неимар, полека но сигурно, стигнувам до моето ремек-дело, наречено дивоградба…

 

Тема на бројот во сегментот „Врски“ е „Бившиот: за или против“: се враќа сè. Но дали тоа значи дека би требало да размислиме и за враќање на бившиот во нашиот живот? Во разработувањето на темата ни помогна нашата С.О.С советничка, м-р Снежана Апостолова, психолог и клиничка хипнотерапевтка.

Една од најубавите двојки, пред да склучи брак, потклекна пред предизвикот наречен раскинување, по кое
следуваа смирување, венчавка и основање семејство.

Една од темите на бројот е од областа на сајбербезбедноста: „Блокирај и мирно спиј?“, внимавајте на „секстинг“, размена на сексуално-експлицитна содржина дури и со партенерот во кого би се заколнале…

Ви нудиме и 7-дневен план за детокс, посебен план за поинакво доживување за време на еден викенд во Охрид и многу други нешта… но, за крај, да не ја заборавиме и нашата листа подароци за читателките која е полна со прекрасни, луксузни производи и новитети од нашите пријатели.

Avene-крем со висок заштитен фактор, Vichy – пакет производи, AINOHA – фантастичен новитет, дифузер за ароматерапија, Lancome несесер и луксузен сјај за усни, Oriflame– пакет шминки, Eucerin – крем за лице и крем за околу очи, Avon – парфем за него, Kedma – луксузни производи за нега, сет шминки од Deborah, фантастичен серум за лице на Este Lauder и млеко за лице на Dalton…. Плус книги за уживање на плажа

Уживајте во јули, во летото, уживајте со нас, читајте не’!

Ваша,

Јована Стоијменовиќ,

главен и одговорен уредник

#онаштонавистинаеважно

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор