Август во „Убавина и здравје“

Август во „Убавина и здравје“

SHARE

Како да заборавивме дека во август температурите од 40+ степени Целзиусови се сосема вообичаени за нашиве простори, но нам не само што не ни пречат, туку и ни се допаѓа летната жега, дури и во град! Некако се чувствуваме посреќни кога сонцето сјае со својата полна сила преку ден, а супер ни се и летните градски ноќи, па подготвени сме и да соблечеме се’ од себе!  😆 Тема на бројот е голотијата, не само онаа на телото, туку и на душата! Се охрабруваме себеси и вас да го соблечеме вишокот парчиња, да ги „соблечеме“ комплексите, да ги тргнеме слоевите под кои се крие нашата душа, нашите емоции, нашата суштина! Никој не треба да личи на некого друг, веруваме дека најголемиот потенцијал на секого од нас е во вистината за нас!

На наше огромно задоволство, на насловната страница на августовскиот број ја имаме „гола“ прекрасната Џенифер Лоренс, една од најомилените, најбараните и најплатените холивудски актерки, која воодушевува со својата непосредност, спонтаност, емоции и искреност, а да додадеме, таа е и актуелната бренд-амбасадорка на „Диор“. Многумина сметаат дека нејзиниот брз успех е резултат на чиста среќа, затоа што ретко кому му успева до 27-та година од животот да стане мегаѕвезда со признание „оскар“, но во нашата приказна од насловната откриваме дека успехот младата актерка и’ го должи на „сопствената крв, сопствените солзи и пот“: „…Во почетокот живеев во апартман со стаорци и се заколнав дека тоа не смее да потрае. Пролеав крв, солзи и пот за кариерата што ја имам денес. Лесно е да гледаш отстрана. Но јас знаев дека мора брзо да успеам за да не се вратам на старото.“

#jenniferlawrence and Woody Harrelson with @amyschumer

A post shared by Jennifer Lawrence (@jenniferlawrencepx) on

Ејми Шумер е дамата што ја избравме како инспирација во сегментот „Сцена“ бидејќи е пример за жена без комплекси за физичкиот изглед, која се разголува и во суровиот свет на перфектни холивудски барбики и гордо ги носи своите килограми.

Софија, Елена и Андреа, пак, ги соголуваат своите емоции и ни ја откриваат својата „борба со лузните на телото“, „борба со суровите коментари за сметка на физичкиот изглед“, „борба со сокривање на манифестациите на дијагностицирана депресија“ …

Разговаравме со Сара Мејс за нејзината музика, за нејзините планови, за љубовта со Димитар Атанасовски и плановите за свадбената веселба.

Сара Мејс, ФОТО: Мартин Трајановски ШМИНКА: ФРАН ФРИЗУРА: Дарко Петковски

Разговор за негата на убавината направивме со Кристина Антиќ Георгиевски, една од манекенките што пред неколку години задолжително беа ангажирани на сите модни случувања. Денес, таа се занимава со маркетинг и со ПР, но ја задржа својата манекенска става. Ви ги откриваме тајните на нејзината нега и убавина.

МОДЕЛ: ЕЛЕНА АНГЕЛОВСКА, МОДНО СТУДИО „ЦРНОКРАК“, МОДНА УРЕДНИЧКА: МАГДАЛЕНА МЕДИЧИ, ФОТОГРАФИЈА: АЛЕКСАНДАР ВЕЛОВ, ЛОКАЦИЈА: CENTRAL PARK, ГРАДСКИ ПАРК

Уживајте во нашите модни приказни: „Деца на сонцето“ и „Кога се’ се топи“…

ФОТО: АЛЕКСАНДАР ВЕЛОВ МОДНА УРЕДНИЧКА: МАГДАЛЕНА МЕДИЧИ МОДЕЛ: ЕМИЛИЈА ДИМИТРИЕВСКА, „ЦРНОКРАК“ ЛОКАЦИЈА: „ЦЕНТРАЛ ПАРК“

„У&З“ ЛАВИНА ОД ПОДАРОЦИ!!! Сегментот „Убавина“ во августовскиот број е преполн со информации за новитетите за нега на нашиот пазар, но и со подароци! Најдобрите производи со СПФ-фактор на подарок за нашите читателки, кои ќе аплицираат за подарок на „Фејсбук“ фан-страницата на „Убавина и здравје“.

Но не ја изоставиме и редовната страница со подароци за вас, на која повторно направивме, се надеваме, атрактивен избор за вас!

Во пресрет на „втората“ сезона на венчавки во годината, за идните невести подготвивме специјален прилог со интересни понуди за „Планерот на модерната невеста“.

Уште и 30-дневен фитнес-предизвик, патување на нудистичките плажи и совети за сместување, гастро-водич: „Секси во кујната“, се консултиравме и за внесување на есенцијалните микронутриенти преку додатоците во исхраната… и многу други шарени страници за ваше уживање на плажа, дома, на пауза…

Ваша,

Јована Стојменовиќ,

главна и одговорна уредничка

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор