ПОБАРАЈТЕ НУТРИЦИОНИСТИЧКИ СОВЕТИ

ПОБАРАЈТЕ НУТРИЦИОНИСТИЧКИ СОВЕТИ

SHARE

Единствена можност! Обратете се до нашата нутриционистка Цвета Динева од „ЦД ДИЕТ КЛУБ“ со своите прашања во врска со здравата исхрана, доколку имате проблем со прекумерна или со премала тежина, или пак ве мачи некој здравствен проблем и ќе добиете бесплатни онлајн совети! 

Значи, вашите прашања, коментари, барања за совети или сугестии напишете ги во коментарите на нашата веб-страница, и во најбрз можен рок очекувајте одговор од нашата нутриционистка.

cveta dineva

ЈАДЕТЕ ПРАВИЛНО – БИДЕТЕ УБАВИ, ЗДРАВИ И ВО ТОП-ФОРМА!

69 Коментари

    • Јас не сум расположена за брзи диети кои се на сметка на здравјето.Треба да научиш да си создадеш хигиена – систем на здрава исхрана, кој ке стане дел од твоето живеење. Сепак ќе те посоветувам како на здрав начин да изгубиш некое килограмче, користејќи го сончевото време и изборот на разновидни овошја и зеленчуци во овој период.
      *Стани наутро најдоцна до 8 часот. 
      *Направи неколкуминутни  вежби на отворен прозор или на тераса, во двор…
      *По туширањето да се напиеш цеден овошен сок со 30% вода (лимонада), а потоа да изедеш една чинија свежо овошје по твој избор, изеди и неколку сирови бадеми или други јатки, а може и некоја урма. 
      *Потоа на секои 2-3 часа да се конзумира по една чаша вода и да се јаде некое овошје до времето за ручек околу 15-17часот.
      *За ручек да јадеш  ЗАДОЛЖИТЕЛНО свеж зеленчук без масло и без сол (насечкан домат, краставица, морков, пиперки…).

      1)Три пати во неделата
      Варива (грав, леќа, грашок, боранија, наут…) приготвени без запршки, да им се додава по една супена лажица хељда, просо. Со додавање на овие житарки во варивата ќе се најадеш со помала количина храна, а добиваш нутритивна бомба.
      2) Два до три пати во неделата
      Риба – печена, варена, а во прилог блитва, карфиол, брокула…
      3)Еден до два дена во неделата
      Биди на свежа храна – овошје свежо, суво, јаткасто, попладне свежи салати, може таратор со кисело млеко или варена пченка.

      Повтори ја оваа програма три недели, а ако сакаш може да се повтори и подолг период, а резултатите ќе бидат: повисока енергија, убаво чувство на леснотија, и секако, некој килограм помалку.

  1. imam problemi so cir na dvanaestpalacnoto crevo , 3 pati mi e prokrvareno , sega sega sum dobro no sepak osekam nekoja tapa bolka,, nelagodnost od desnata strana pod rebroto. zolckata ja proveriv se e vo red kako da se hranam

    • Цвета Динева, нутриционист

      Најважно е да НЕ СЕ ЈАДЕ онаа храна која довела до ваква состојба, а тоа е храната од животинско потекло: месо, месни преработки, млеко, сирење, кашкавал, павлака,шеќер, оцет, газирани и негазирани сокови (може да се пијат исклучиво свежо цедени со 30% вода), алкохол, чаеви, кафиња, пржена или похувана храна. Во акутно лоша состојба треба да се исклучи и глутенската храна (леб, тестенини, печивата од пченица, `рж, јачмен, овес), а да се користат безглутенски житарки – просо, хељда, киноа, амарант.
      Многу е важно како ќе го почнеш денот со храната и што ќе консумираш до пладне. Почни го денот со супена лажица ленено масло и со една чаша вода, па ќе појадуваш една банана или порција диња, па за кусо време направи си каша од просо со мелени семки од тиква или од лен. До пладне да пиеш доволно вода, да јадеш свежо овошје без лушпа и без семки (може диња, банана, лупено јаболко, лупена круша, па и лубеница).
      За ручек да се јаде риба, компир, ориз, тиквици, карфиол, брокула, моркови, пашканат, свежа салата (рендано тиквици, морков, дајкон) со минимум сол, цеден лимон, маслиново масло. Храната да се вари, пече или динста.
      За вечера да се консумира лесна супа од зеленчук со просо, а може и печена тиква.
      Добро би било овој систем на исхрана да го практикуваш барем три недели, а подобро е четириесет дена.
      Секако по овој период може да се вклучува еден по еден и други здрави продукти (грав, леќа, боранија, наут, грашок, други видови свежо овошје и зеленчук), но треба да се апстинира од високо процесуираните храни подолг период.
      Се надевам дека овие куси совети ќе ти помогнат во процесот на оздравување.

  2. imam 78kg otkako se porodiv pred 5god i nemozam da se vratam vo normala probav skakvi dieti oslabev vrativ duplo sega drzam dieta i ne slabejam .mnogu mi e macno i tesko mi treba sovet kako da oslabnam nemozam da se pomiram so ova me faka nervoza
    pozdrav
    vi blagodaram

    • Вистинскиот пат до добрата телесна тежина е секако менување на стилот на живеење. Како?
      Почнете здраво да се храните, почнете да пешачите секој ден, легнувајте навечер најдоцна до 23 часот, станувајте наутро најдоцна во 8 часот, дружете се со луѓе кои негуваат здрави навики, поминувајте помалку време на компјутер,…
      Од исхраната барем извесен период исклучете го белиот леб, сирењето, грицките, благото. Секој ден консумирајте минимум пет-шест овошки до ручек, пијте многу вода или свежо цедени сокови, а за ручек консумирајте свежа салата со готвено јадење. Крајниот оброк нека ти биде три часа пред легнување (за да легнете со празен желудник). Ако сте гладни и во вечерните часови можете да испиете растително млеко (овесно, оризово, од соја,..) со неколку лажички мелени семки и читајте некоја добра книга чија содржина ќе ви го одвлече вниманието од чувството на глад.
      Бидете упорна во етаблирањето на нов начин на живеење како за вас, така и за целото семејство.

      • vi blagodaram ama naprotiv retko sedam na kompjuter samo dodeka pijam kafe stanuvam rano i imam fizicka aktivnost ne grickam gricki …..
        sepak vi blagodaram

  3. jas drzev dieta kaj cveta dineva odev za 3 meseci oslabnav 25 kg.4 godini ja drzev kilazata a potoa se popraviv isto togas imav pari i mozev da platam no sega ne a sakam da oslabnam kako

  4. Здраво, моето прашање е во врска со исхраната и дијабет (тип 2). Која храна се препорачува и што е најдобро за доручек кај овие личности. 
    Поздрав

    • Здраво Наташа,
      Кај луѓе кои имаат проблем со дијабет (тип2) треба да се одбегнува храна со висок гликемиски индекс и со презаситени маснотии (едноставно кажано -мрсно јадење) како што се: бел леб, бел ориз, компир, бели макарони, шпагети, шеќер, слатки, млечни чоколади, свинско месо, јагнешко месо,… Треба да се внимава да не се комбинираат многу видови на храна во еден оброк (одделно да се јагленохидрати од протеини). Задолжително да се јаде свежа салата со секој ручек или вечера.
      Добро е денот да се почне со цеден сок од лимон и вода и да се консумира киселкасто овошје заедно со свежи кикирики и чаша кисело млеко, цимет. На пример, може да се јаде канче кисело млеко со неколку лажици мелени семки, кикирики, бадеми, ореви,цимет и сечкано свежо јаболко, вишни, јаготки кои може да се и замрзнати.
      И кај дијабетичари мора да е присутен момент на алкализација на телото а тоа значи да се консумира свежа храна во почеток на денот.
      За ручек се препорачуваат: риба, храна со многу растителни влакна како боранија, зелка вариво, грав, леќа, брокула (храна која содржи хром), прокељ, карфиол, гранки од целер со листови (храна која содржи инулин),… Да се внимава да не се користи многу варен морков бидејќи го крева шеќерот повеќе од сладолед, но свеж да се користи без проблем.
      За поисцрпни сознанија би било добро да се видиме во диет клубот. Поздрав

      • Здраво, 
        Еве неколку основни совети за здрава исхрана кај луѓе со Хашимото проблем.
        Да се консумира храна која има во својот состав јод: риба, коренест зеленчук како компир, сладок компир, црвен кромид, трупки, алги-спирулина,… Да се користи храна богата со Б комплекс како цели зрна од јатки и семиња (бадеми, лешници, ореви, семки од тиква,…), храна со витамин А како темно-зелени и жолти зеленчуци и овошја. Треба да се одбегнува консумација на храна која ја забавува работата на тиреоидната жлезда како: зелка, брокули, карфиол, прокељ, кељ, ..по малку круши, праски, соја и соини продукти,.. Понекогаш е добро и суплементарно да се консумира органски одгледани алги, омега три како ладно цедено ленено масло.
        Би било добро да се дружиш барем еден месец со нутриционист за да ги добиеш правците на здрава исхрана  кои ќе ги почитуваш понатаму за да се држи под добра контрола болеста.
        Поздрав

  5. Здраво. ке ве замолам да ми помогнете околу исхранта . Се имам здебелено 6кг и веќе 3 год неможам да ги намалам килограмите. Имам проблем со желудник има хиатусхенирја и се ми смета. Ке може ли да ми кажете што треба да јадам ,а што не .

    • praven sum operacija so klasicna metoda pred dva meseci.imam problem sekoj den sto imam nagon za odenje vo wc,a toa mi e mnogu bolno.imam nagon na sekoi 15 min.ve molam za sovet.doktorot sto me operirase mi vika deka se e vo red so operacijata -i tolku.ve molam za pomos

    • Zdravo . Imam 36 godini i 10 godini imam problem so kandida. Se lecev se sekakvi vidovi na vaginaleti no mi pomagaat samo dodeka trae terapijata i posle pak se povtoruva. Pravev i laserski vaginalna revitalizacija na kletki, no po edna godina pak se vrati se po staro. Odgovorot od ginekologot bese ,, epa toa e kandidata e dosadna i tesko se lekuva , se si probala tesko da ja izlecis,,.
      Sega sum na anti kandida dieta veke 3 nedeli, jadam vo osnova samo zelencuk, pilesko i oves, pijam probiotik, aloe i colostrum. Problem e sto imav 45 kg a za ovie 3 nedeli oslabev 2 kg. Ve molam za sovet okolu ishranata, sto da jadam a da ne oslabam no da se izlecam.Poslednava nedela imam i bolki vo stomak , naduenost i gasovi, dali e toa rezultat na promenata vo ishranata ili? Nikogas ne sum bila na dieta i mnogu mi e tesko osobeno sto ne vneauvam seker pa duri ni ovosje.
      Ve molam pomognet mi!

      • Otkako temelno go procitav tvoeto pismo mozam da te sovetuvam da se obratis kaj nutricionist dietolog so koj ke ja nadmines ovaa sostojba na vistinski nacin.Seta situacija treba da se sledi. Ti si napravila promena vo vidot na hranata i nacinot na ishrana, no ovoj problem kaj tebe e prisuten predolgo vreme i ti treba seriozna strucna pomos od nutricionist-dietolog. Moze da se obratis i do nasiot CD diet klub.Ne postoi zdravstven problem koj ne se resava so prirodna hrana. Pa taka ne si ti osudena da se maltretiras so kandidata tolku godini. Inaku kandidata moze da bide i osnova na teski zaboluvanja ponatamu vo zivotot ako ne se stavi pod kontrola.
        Pozdrav Cveta Dineva

  6. Ve molam, zdrava ishrana za lupus, kutan (so kozni simptomi, mala povrsina atrofija na eden del od liceto), odnosno, poveke bi sakala da doznaam dali masloto od crno seme i od kurkuma navistyina imaat antivospalitelno i imunomodulatorno dejstvo, no ne i stimuliracko zasto toa moze da bide opasno, ako predizvikuva aktiviranje na imunitetot? I koja druga hrana, odnosno prirodni dodatoci, osven zeleniot caj, bi mi ja preporacale za ovoj problem?
    Vi blagodaram,

    • Pri ovoj vid dijagnozi hranata mora celosno da se promeni. Treba da se odi sto poveke na alkalizacija na teloto. Maslata moze samo da ja podobrat sostojbata, no za da se drzi lupusot pod kontrola treba KOMPLETNA promena na ishranata. Treba prvo dobra detoksikacija, a potoa ishrana za drzenje pod kontrola na avtoimunoto zaboluvanje. Predlagam druzba vo CD DIET KLUB so ogled na toa sto sepak stanuva zbor za poseriozna sostojba.
      POZDRAV
      Cveta Dineva

  7. Zdravo, jas sum operiran na crniot drob od ehinococus ranata se uste ne mi e zarasnata i nosam drenovi. Ve molam kazete mi sto treba da jadam a sto ne.

    • Ovde se raboti za serioznа bolest, pa zatoa predlаgam da dojdet vo diet klub za da go sledime procesot na zdraveenje.
      Inaku, za ovaa sostojba treba da se iskluci hrana od zivotinsko poteklo:Meso, suvomesnato, mleko, mlecni proizvodi-sirenje, kaskavali, …jajca, seker, i da se iskluci gluten(bel leb, peciva,lisnato testo..).Da se pie mnogu voda, kozja surutka (sodrzi silimarin), svezo cedeni sokovi, kakao. Da se jade mnogu svezo ovosje, svez zelencuk, riba, integralen oriz, posni variva. Od masnotii da se koristi samo ladno cedeno maslinovo maslo.
      Najdobro e da se vidime vo CD Diet Klub za podrobni informacii.
      POZDRAV
      Cveta Dineva

  8. Zdravo sakam sovet od vas! Imav 63 kg no se porodiv i sea imam 80 sakam da se vratam vo moja forma no deka dojam bebe ne mozam da drzam dieta. Kakva dieta mi preporacuvate!?
    Vi blagodaram

    • Младата мајка би требало да ги следи овие совети.
      Во исхраната треба да има задолжително: вода, цедени сокови или блендирани со додавање на 30% вода, овесно млеко (дава одлична лактација), кисело млеко (најмногу до 450 мл на ден, најдобро како таратур.
      Да се јаде свежо овошје, во овој период: јаболки, круши, банани, цреши, јагоди (со внимателност), портокали (со внимателност), киви (со внимателност), лимони, но не и цитрони…
      Од свеж зеленчук за салати може да се употреби секој вид на зеленчук (зелка подоцна): домати, краставици, марула, морков, цвекло, …
      Од готвени јадења: ако е бебето мало да се почека со консумација на: грав, грашок, зелена леќа, вариво од зелка, а дозволено е: црвена леќа, наут, боранија и да се додава во варивата хељда и просо по една супена лажица, ориз со спанаќ, компири, палента, …
      Од протеини: варено месо (два пати неделно), печена риба (големи риби како панга, лосос-не), (повеке пати неделно), омлет со две јајца и урда (два пати неделно)…
      Од грицки: Суво овошје со јатки и со семки, пуканки без сол.
      Од благо: Сутлијаш со оризово млеко засладен со малтекс, бомбици од суво овошје и мелени јатки и семки.
      Цеце Динева

  9. Здраво, би сакала да добијам совет од Вас за зголемување на телесната тежина, висока сум 163, а имам само 42 кг. Секаков совет би бил добредојден, однапред Ви благодарам!

    • Цвета Динева, нутриционист: За да ви одговарам на вашето прашање, потребни ми се дополнителни информации.
      Дали имате редовен менструален циклус, редовна столица, дали сте пушач, дали имате проблеми со тироидната жлезда? Најдобро е сепак да се обратите во ЦД Диет клубот за да го средиме проблемот темелно.

    • Цвета Динева, нутриционист: За да ви одговарам на вашето прашање, потребни ми се дополнителни информации.
      Дали сте вие веган, пескотаријанец (покрај растителни продукти консумирате и риба) или Ово-вегетаријанци (покрај растителни продукти јадете и јајца, но ги исфрлувате од исхраната млекото и млечните производи или пак лакто-вегетаријанец (покрај растителни продукти консумирате и млеко и млечни производи, но ги исфрлувате од исхраната јајцата?

  10. Ве молам одговорете ми на прашањево дали смее да се внесува ленено семе или слични јатки ако имам проблем со тироидната жлезда која ја лечам со апчиња

    • Slobodno da se koristat sirovi semki i jatki vo sekojdnevieto. Moze da se kombiniraat so suvo ovosje i da se pravat desertni bombici od ovie sostojki, so dodavanje na kokos i kokosovo maslo. Da se odbegnuva: soja, i soja proizvodi, familija na krstasici: zelka, brokula, kelj, prokelj, karfiol,…Da se jade mnogu svezo ovosje, sveza salata so sekoj rucek, da se pie dovolno voda vo utrinskite casovi.
      SOVET plus: Da se isfrlat procesuirani hrani i gricki, blago, gazirani sokovi, djusevi,… Sto poveke sveza hrana.

    • Za dobra i redovna stolica na dnevno nivo treba kompletno da se smeni nacinot na ishrana. VODATA e faktor broj eden za redovna stolica. Denot da se pocne so edna casa mlaka voda, edna supena lazica leneno maslo i da se izede 1-2 jabolki (ima pektin -odlicen za dobra perilstatika na crevata). Do pladne (sega koga e toplo)da se ispijat 5-6 casi voda i paralelno da se izedat tolku ovoski. Da se jade leb bogat so celulozni vlakna (tonus leb). Da se jadat variva kako boranija, lekja vo koi ke se dodava proso i heljda. Navecer da se jade varena pcenka, no zadolzitelno i svez zelencuk. Site ruceci da se pridruzat so sveza salata (bez sirenje). Na crevata im treba: voda, svezo ovosje i svez zelencuk. Kako dopolnuvanje moze da se koristi navecer: 7-8 suvi slivi (nakisnati prethodno vo voda) i vodata da se ispie i slivite da se izedat.
      SOVET plus: Sekoj den vo niza (voda, ovosje, zelencuk) – ova e lek za site problemi.

  11. Zdravo,imam napraveno test intolerancije na 92 vida hrane i ne mi je precizirano posto smem da pijem kozje mleko dal smem da jadem kozjo sirenje? Kravje mleko ne smeam pa verovatno ni kravje sirenje?Vo testot nemase takvi ispituvanja na sirenje imase samo na kackavali.Vi blagodaram na vremeto i unapred na odgovorot.

    • Одговор:
      Ovoj test za intolerancija na hrana pokazuva deka imaте intolerancija na kravjo mleko i se podrazbira, i na proizvodi napraveni od istoto, kako kravji kaskaval i kravjo sirenje. Sto se odnesuva do kozjoto mleko i proizvodite od kozjo mleko, podobro e da ne gi konzumirate izvesen period bidejki i tamu ima laktozen seker i kazein, koi se glavnite priciniteli na ovoj tip na intolerancija.
      POZDRAV
      Cece Dineva

  12. Pocituvana,
    Dali imate nekoj sovet, ili priroden lek za bolest mijastenija gravis, so visoki vrednosti na antitela na acetilholinski receptori koi doagaat od promeni na timusnata zlezda, koja ne e otstraneta. Dali ima nesto sto bi gi smirile simptomite na bolesta, odnosno aktivnosta na ovaa zlezda.
    Vi blagodaram na odvoenoto vreme i ve pozdravuvam!

    • Zdravo,
      Vo vrska so ova avtoimuno zaboluvanje mozam da kazam deka isklucitelno e potrebna strucna pomos od nutricionist-dietolog. Ova e seriozna dijagnoza koja bara kompletna promena vo nacinot na ziveenje, a pred se, promena vo vidot na hrana i nacinot na ishrana. Se dodavaat i odredeni prirodni dodatoci vo ishranata, za da se drzi bolesta pod kontrola. Zatoa cas poskoro da pocnes sorabotka so strucno lice za zdraviot nacin na ishrana.
      Pozdrav Cveta Dineva

  13. Procituvana!!!
    Majka sum na tri deca, (12, god. 10, god. I najmaloto 6 nedeli, uste dojam a vegetarijanka sum veke dve godini, bi ve zamolila da Mi kazete Po koj redosled i sto da konsumiram da ja namalam mojata telesna tezina od 72 kg. A da ne mu nastetam na bebeto?
    Vi blagosaram odnapred i ve pozdravuvam
    Se nadevam na brz odgovor!

    • Денот да се почнува со вода или цеден сок, една супена лажица ленено масло, и да се пијат 3-5 живи јајца од препелица. Да се јаде овошје, да се пие вода, цедени сокови, сирови јатки и семки до ручек. Околу 11-12 часот да се консумира за одлична лактација – овесно млеко со мелени семки, суво овошје, а може да се додаде и една мала лажица семе од коприва (или зелена пченица). Благо млеко-НЕ, а кисело и јогурт е во ред. Ручекот да биде свежа салата со риба (два пати неделно ) или со квалитетно месо (полнети пиперки, тиквици) – еднаш неделно, црвена леќа со просо или боранија со просо, турлитава со просо и хељда, палента со маслинки, макарони без глутен со доматен сос (сирење – не), интегрален ориз, компир – варен или печен, омлет со 2 јајца со пиперки, урда,….Сите ручеци да содржат и свежа салата. Може да си јадете и печени пиперки, пинџур, како прилог кон ручекот. Солта да се сведе на минимум, од благо-бомбици од суво овошје и мелени јатки. Навечер таратор со рендано цвекло и рендан морков, оревчиња или тиква, варена пченка, костени (кога ќе ги има).
      Еве тоа се мали совети за храбрата мајка на три деца.
      Поздрав
      Цвета Динева

  14. Почитувана Ве молам за совет за моето дете има проблем со дебелината. Има 12год.и е многу широк во обемот на половината.Се труди да вежба не јаде многу, вози велосипед но нема успех. Не знаеме што да направиме повеќе.Ви благодарам.

    • Многу е важно во здравата исхрана кај децата да го почнуваат денот со чаша вода и свежо овошје или со свежо блендиран сок. До 12-13 часот да се јаде овошје, сирови јатки, суво овошје и паралелно да се пие вода. Да се одбегнува газирана вода, газирани напитоци, џусеви, слатко млеко (кисело и јогурт може). Да не се јаде бел леб и теста со квасец. Да се руча свежа салата со ручекот. Да не се пресолува храната. Рибата да биде присутна најмалку два пати во неделата. Правете десерти на база на суво овошје и јатки. Навечер да се исклучи солта, а да се консумира: таратор без сол или варена пченка, печена тиква, пуканки без сол.
      Поздрав
      Цвета Динева

  15. Почитувана Цеце!

    Имам 5 месечно бебе. Педијатарот препорача од 4 месеци дохрана со кашички. Веќе јадеше јаболко банана круша и слива (свежи) како и варен морков. Од житарките до сега јадеше само ориз.

    Можете ли да ми дадете препорака што следно да воведам во неговата исхрана и дали за малите бебиња има правило во кој дел од денот се даваат кашичките овошни кога зеленчукови?

    Бебето цица мајчино млеко.

    Голем поздрав.

    • Zdravo zagrizena majka,
      Pofalba za toa sto si go dois bebeto. Moze da se dodade od zitarkite : Proso, amarant, kinoa(bezglutenski zitarki)no i palenta organska.Dobro e vo zitarkite da se dodava malku svezo morkovce ili sveza tikvica(bez semkite). Moze da se dava i varena crvena leka.Sovet: Dobro e zitarkite da se kisnat vo voda barem dva casa pa da se izmijat i da se varat.Ovosnite kasi neka bidat do pladne, a zelencukovite popladne.Vo kasite da ima najmnogu tri sostojki i da se dodava voda.Moze da mu se dava na bebeto i tikva pogotvena na parea.Za sega tolku.
      Pozdrav CECE

  16. Pocituvana CeCe! Imam edno prasanje do vas.eve veke sedum godini se boram so mojata tesina.imam 96kg.moja najgolema zelba e da se oslobodam od niv,no nikako ne mozam da ostanam na dieta podolgo od edna nedela.eden den gi slusav vasite soveti i resiv da pocnam so zdrava ishrana tri nedeli se trudev da konzumiram poveke ovosje i zelencuk sekoj den pesacev po Pola cas i uspeav da simnam tri kilogrami,no problemot e sto koga gi vidov tie namaleni tri kilogrammi jas zaboraviv na zdravata ishrana.ve molam za sovet sakam a i moram da simnam 20 kg.

  17. Zdravo bi sakala da prasam kako najbrzo i najlesno da namalam edno 20 kg,imam momentalno 90 kg i pregolem apetit ,ne mozam da dodrzuvam dieti kako porano ,mislam deka imam problem so holico baktery no treba tocno da proveram.kako da go namalam apetitot i da oslabnam bez jojo efekt.Mojata normalna tezina si bese 65 kg visoka sum 1.68.Imam golema potreba od blago,inaku leb ne jadam salati jadam i pretezno vareno i peceno, a kilogramite mi odat nagore i se gladna sum.

  18. Pochituvana Cece, majka mi toplo Ve preporachuva vo vrska so soveti za problemi so alergii bidejkji chesto gi sledi vashite gostuvanja na tv. Kje Ve molam za sovet. Vekje tri godini otkako so alergo testovi se potvrdi deka imam alergija na treva, polen i ubod od pchela, a sekoja prolet imam problem so alergijata i najchesto zavrshuvam so alergiski bronhitis. Momentalno imam bronhitis predizvikan od zagadeniot vozduh i deneska na lekar mi dadoa antibiotik Lekoklar i povtorno pumpici Ventolin i Flixotide za da mi go olesnat dishenjeto. Isto taka lekarkata mi preporacha da si pochnam so voobichaenara antialergiska terapija: tableti Nixar ili Zyrtec. Dodeka ja primam ovaa terapija mi se pojavuvaat problemi so crniot drob kako sho se pokacheni vrednosti na AST i ALT duri i do tri pati nad normalnite vrednosti. Dali mozhete da mi preporachate kako na priroden nachin da go lekuvam ili nadminam ovoj problem? Odnapred Vi blagodaram!

  19. Helicobacter mi pokacen na 33.74 positive
    Prepisana mi e slednava terapija, od koja moj organizam ne moze da ja podnese duri mi se javuva pojaka bolka
    Pantoprazole 40m 2×1 14 dena
    Clarithromycin 500m 2×1 14 dena
    Amoxicilin 1000m 2×1 14 dena
    Molam vas sovet za ponatamosno lekuvanje.

  20. zdravo 🙂 ovde 17godisno devojce koe ocajno saka da ja namali kilazhata imam 67 a sum 1.70 oslabev 10kg bez potrebno pred skoro vreme vreme,sega imam nekontroliran apetit i gi vrativ kilata sekako.
    sega sum psihicki preopteretena I,poslaba neznam kako Da se nateram sebesi a moram. Sovet za rezim so podolgotraen isshod?

  21. Imam problem so poduen stomak itezina vo zeludnikot poveke vreme nanazad.Pravev gastroskopija i kolonoskopija no nemase pozeriozni zaboluvanja osven vospalena sluznica na zeludnikot i hemoroidi za koe prmav lekarstva no problemot seuste si postoi pravev ispituvanje so kvantna analiza vo Odlicno zdravje kade doktorkata mi kaza deka sum intolerantna na gluten.Kolku e tocno toa neznam no jas pravam bezglutenski leb i iznegnuvam se sto sodrzi gluten no problemot seuste postoi .Padnav vo depresija nemozam poveke so bolki i neredovna stoliva imam visok kilogrami i hipotireoza poveke od 15 g Ve molam dajte mi nekoj sovet.

  22. Почитувани,
    мајка ми е направена операција од карцином на дебелото црево пред 3 месеци. Операцијата и постоперативниот период поминаа одлично. Почна да прима хемотерапија и тоа добро го поднесува. Но, последниве неколку дена се жали на тегоби во стомакот и губење на апетитот. Покрај редовната пропишана терапија редовно користи гел од Алое Вера и витамински додатоци (германиум, Б6, Ц и сл.).
    Замолувам за совет околу исхраната бидејќи има проблеми со одредени видови на храна (посебно зрнеста и мешункаста), како и совет околу враќање на апетитот.
    Благодарам,
    Петре

  23. Poradi toa sto bev dosta slaba ne dobivam menstruacija veke godina dena. Sega ja imam zgolemeno telesnata tezina kolku sto imav uste koga imav normalni menstrualni cikulusi, no se uste nemam dobieno. Ako moze nekoj sovet vo vrska so ishranata. Blagodaram odnapred.

  24. APoradi toa sto bev dosta slaba ne dobivam menstruacija veke godina dena. Sega ja imam zgolemeno telesnata tezina kolku sto imav uste koga imav normalni menstrualni cikulusi, no se uste nemam dobieno. Ako moze nekoj sovet vo vrska so ishranata. Blagodaram odnapred.

  25. Pocituvana,
    Se raboti za karcinom na grloto na matkata, momentalno se ceka na rezultati od magn.rezona.za da se utvrdi stepenot na karcinomot. Kakva ishrana preporacuvate i dali moze da se konsumiraat mlecni proizvodi (jogurt, kiselo mleko, sirenje) i sl. Znaci kakov rezim na ishrana?
    Vo ocekuvanje na Vasiot odgovor,
    Pozdrav

    • Zdravo pocituvana,
      Najdobro e da se dobie programa za ishrana vo ramki na CD Diet Klubot so cel da se pristapi holisticki kon celiot zdrastven problem. No eve i konkreten odgovor za mleko i mlecni proizvodi. Da ne se jadat mleko i mlecni, meso i suvomesnati, industriski proizvodi cipsovi,biskviti,slatki, sokovi gazirani i negazirani), da se konsumira sveza hrana, voda. Da se konsumira poveke zelka, brokula, karfiol, prokelj (tie se so antiestrogensko dejstvo).
      Pozdrav
      P.S. Sepak dojdete vo CD Diet Klub za da se druzime aktivno i motivirame na patot do kompletno ozdravuvanje

  26. здраво да прашам како можам да се здебелам имам 20 години и 36 килограми јадам се во голема доза но сепак немам никакви резултати

    • Problemot so mala telesna tezina e povrzan so hormonalniot status, a ova pak e tesno povrzano i so nacinot na ziveenje koj podrazbira nacin na ishrana, dvizenje, sportuvanje, navremeno legnuvanje,pusenje, stres itn. Ova e problem koj ne moze da se resi so sovet od dve do tri recenici pa zatoa predlagam da se druzime vo CD diet klub za da imame rezultati.
      -Sepak preporakite i vo vakvi slucai se da se hranis so zdrava hrana vo vistinsko vreme , malku sportuvanje, pusenje da se iskluci,i da se otfrli brza hrana, gazirani i negaziranai pijaloci, sekakvi slataki.
      Pozdrav
      Sert. nutr. Cveta Dineva
      CD DIET KLUB SKOPJE

  27. Здраво
    Почитувана Цеце, сакам да Ве прашам, дали можеби имате некакво решение на проблемот
    Мајка ми правеше рутинска РТГ снимка на бели дробови и рекоа да се консултира со интернист по што интернистот и кажа дека ке има проблем со белите дробови за 15 години дека се работи за идиопатска белодбробна фиброза(сеуште e млада). Дали може со исхраната да се одложи овој процес. Би бил благодарeн доколку добијам одговор
    Поздрав

  28. Здраво,
    Сакам да прашам дали може да се дава масло од црно семе на 10 месечно бебе и како оди дозирањето? Имаме проблем со ниска вредност на тромбоцити, дали ова би преставувало проблем за конзумација на маслото?
    Благодарам однапред.
    Поздрав

    • Kaj 10mesecno bebe ne bi trebalo da se dodavaat nikakvi masla, a posebno masloto od crno seme(koe inaku ima svoi izvonredni svojstva)treba da se dava duri po navrseni 6 godini.
      Za da se zgolemi nivoto na trombociti vo krvta eve nekolku soveti:
      -Da ne se koristi preparat kako aspirini, paracetamoli, andoli koi gi razreduvaat trombocitite.Za zal da se odbegne i upotreba na kromid i luk koi isto taka ja razreduvaat krvta.
      -Da se koristi 21 den vo kontinuitet: Slatka kasocka od : Suvo crno grozje koe e kisneto preku nok vo voda pa isplaknato (okolu dve supeni lazici) i zolcka od prirodno kokoskino jajce(ili od prepelica).Jajceto e podobro za bide zivo -no vednas da se konzumira.Posebno jajceto od prepelica e podobro da e zivo.No moze jajceto da bide i vareno.
      -Sekoj den da sekonzumira ceden ili blendiran sok od cveklo vo kombinacija so pola limon i zasladeno so madgun.
      -Sekoj den da se konzumira spanak ili blitva vo supicki .
      -Barem tri pati nedelno da se hrani deteto so varena heljda i leka-kako kasicki ili supi.
      -Da ne se konzumira blago kravjo mleko a kako kiselo kravjo, kozjo ili ovco-moze.Moze da se pie ovesno mleko ili bademovo ili orizovo.Moze da se dodava i pomalku kakao i madgun.

      -Za poveke soznanija bi bilodobro da se obratis do CD Diet Klubot.
      POZDRAV CECE

  29. Zdravo!
    Sakam da prasam okolu ishranata kaj hiperinsulinemija ili insulinska rezistencija,koja hrana e dozvolena, inaku na terapija sum na metformin 2*1000mg.Ve molam ako moze da mi dadete sovet.Blagodaram!

    • Zdravo ,
      Eve kusi soveti za ishrana pri hiperinsuliniemija
      Da ne se konzumira hrana so visok glikemiski indeks-Seker, slatki, masna hrana, transmasti(margarin), beli lebovi, beli peciva, lisnati peciva, sokovi gazirani i negazirani, vareni morkovi(svezi DA),.Da se konzumira mnogu sveza hrana, ovosjeto da se jade paralelno so jadenjw sirovi jatki i pienje voda,variva kako boranija, leka, grav, zelka manxdga itn, riba dva pati vo nedelatameso misirka, itn.So rucekot zadolzitelno salata. Sekoj den lukce, kromid, praz,..
      Sovet: Najdobro e da se posetuva diet klubot barem mesec dena za da se vleze vo sema na zdrava ishrana i da se svede insulinot vo normala.
      Pozdrav

      • Zdravo ,
        Eve kusi soveti za ishrana pri hiperinsuliniemija
        Da ne se konzumira hrana so visok glikemiski indeks-Seker, slatki, masna hrana, transmasti(margarin), beli lebovi, beli peciva, lisnati peciva, sokovi gazirani i negazirani, vareni morkovi(svezi DA),.Da se konzumira mnogu sveza hrana, ovosjeto da se jade paralelno so jadenjw sirovi jatki i pienje voda,variva kako boranija, leka, grav, zelka manxdga itn, riba dva pati vo nedelatameso misirka, itn.So rucekot zadolzitelno salata. Sekoj den lukce, kromid, praz,..
        Sovet: Najdobro e da se posetuva diet klubot barem mesec dena za da se vleze vo sema na zdrava ishrana i da se svede insulinot vo normala.
        Pozdrav

Оставете Одговор