Конечно: Откриена е целата вистина за мастите

Конечно: Откриена е целата вистина за мастите

SHARE

Шведска студија на научници даде конечен суд за маснотиите што ги внесуваме со исхраната. Прочитајте кои масти се поздрави (можеби сте биле во заблуда), но и како лошите да ги замените со добри.

Благодарение на една студија на група шведски научници, добивме интересни информации за метаболизмот на мастите. Истражувањето ги обврза учесниците седум дена да јадат масни слатки, како што се крофни и други печива. Половина од групата ги добивала печивата пржени во заситени масти (палмино масло), а половина во полинезаситени масти (сончогледово масло).

Кога биле објавени резултатите од шведската студија, тие биле сосема неочекувани. Иако учесниците од двете групи речиси идентично ја зголемиле телесната маса, оние што јаделе мафини со заситени масти добиле повеќе поткожно масно ткиво и она поопасното – висцерално (кое ги обвиткува внатрешните органи) за разлика од доброволците што јаделе мафини со полинезаситени масти, кои изградиле трипати повеќе мускулна маса (која обезбедува одржување на здравјето).

Научниците биле изненадени од јасната разлика помеѓу акумулацијата на стомачно масно ткиво и она околу црниот дроб.  Значи, заситените масти докажано го зголемуваат обемот на половината. Зошто? Истражувачите сметаат дека овие масти ги активираат гените што го запираат процесот на согорување на мастите и промовираат таложење масни наслојки, или ги блокира гените што го активираат спротивниот процес.

Тоа можеби било корисно за праисторискиот човек, кој по голем студ ловел дивеч, бидејќи така ја одржувал телесната топлина, но денес тоа не е корисно за човекот што главно седи на компјутерска маса.

НАЈВАЖНИ СЕ КОРИСНИТЕ СОСТОЈКИ

Откритието дека испитаниците што јаделе крофни пржени во сончогледово масло изградиле поголема мускулна маса – било уште поизненадувачко.

Шведските научници сметаат дека полинезаситените масти на некој начин ги активираат гените што стимулираат синтеза на протеините. Освен овој бенефит, постојат и многу други. Научниците одамна апелираат луѓето да го зголемат консумирањето омега-3 масни киселини, кои се исклучително корисни за правилна функција на мозокот и срцето. Грст јаткасти плодови дневно ги задоволува потребите од овие маснотии. Две или три порции масна риба (лосос, сардини) неделно се најдобар извор на овие масти.

Поновите истражувања покажуваат дека исхрана богата со маслиново масло го намалува ризикот од срцеви заболувања. Резултатите од некои истражувања покажуваат дека корисните масти го неутрализираат влијанието на оние штетните.

Една американска студија докажа дека кај лицата што јаделе хамбургер со додаток на авокадо е забележан помал процент на покачување на триглицеридите и на воспалителните материи отколку кај луѓето што консумирале обичен хамбургер.

 

КОНСУМИРАЈТЕ ЗДРАВИ МАСТИ

Работата едноставна: заситените масти заменете ги со незаситени. Така ќе го подобрите вкусот на храната, а ќе чувствувате и помала потреба за шеќер, со што ќе изградите повеќе мускули, а не сало на стомакот.

Во исхраната вклучете незаситени растителни масла, јаткасти плодови и риба и така природно ќе го намалите количеството внесени масти. На тој начин потребата од преработени јаглехидрати ќе биде намалена.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор