Вистински избор за безболно породување! Болница „Плодност“, Битола

Вистински избор за безболно породување! Болница „Плодност“, Битола

SHARE

 

Болница „Плодност“, Битола

Во болницата „Плодност“ секоја идна мајка може да ја добие комплетната здравствена и психофизичка нега од самиот почеток на планирањето на мајчинството, па до грижата за новороденчето во првите денови од доаѓањето на свет.

Тимот на болницата „Плодност“

Во болницата „Плодност“, по забременувањето, идната мајка добива комплетен третман на рана дијагноза и следење на бременоста преку ултразвучен и биохемиски скрининг на аномалии (PRISCA), 4Д и колор доплер-ултразвук, совети за исхрана и животен стил за време на бременоста, дијагностицирање и следење на високоризичните бремености, со можност за хоспитализација, пренатални инвазивни интервенции (амниоцентеза, хорионбиопсија, кордоцентеза, ембрионредукција), како и кардиотокографски запис (ЦТГ). Породувањето може да биде спонтано, или спонтано породување со епидурална анестезија и аналгезија, како и породување со царски рез, со можност за присуство на најблиските на чинот на раѓање.

Безболно породување

Во шестгодишното постоење на болницата „Плодност“ постојано расте бројот на мајки што одлучуваат да го донесат на свет своето бебе во современи услови и беспрекорна 24-часовна грижа за родилките и новороденчињата. Така, една од главните придобивки што мајките се почесто ги применуваат при донесувањето на свет на своите најмили е безболното породување. Од спонтаните породувања во болницата „Плодност“, дури 61,5% побарале обезболување за време на породувањето. Во нашата болница метод на избор за безболно породување е епидуралната аналгезија, која и во светски рамки е метод на избор или т.н. „златен стандард“.

Таткото ја пресекува папочната врвца

„Анестезиолозите имаат за цел да обезбедат олеснување на болката без да ја попречуваат способноста на родилката да ги движи нозете или да го притисне бебето за време на породувањето. Со други зборови, породувањето ќе биде безболно, но родилката ќе може да ги движи нозете за време на епидуралната аналгезија. Станува збор за аналгезија, односно не се работи за класична анестезија, бидејќи жените имаат можност да се движат. Се работи за обезболување на оној прв процес на контракциите на матката, па до крајот на самиот чин или излегувањето на бебето. Методот е таков што се блокира преносот на болни импулси од матката и од грлото на матката кон мозокот во текот на породувањето. Со овој вид анестезија се започнува кога грлото на матката е проширено од 3 до 5 сантиметри. При ваквиот начин на породување, бенефиција имаат двете страни: и родилките и лекарскиот тим вклучен во чинот на породувањето. Има огромна разлика во однос на спонтаното породување со и без аналгезија. Стресот во овој случај го нема, болките не се целосно отстранети, туку се многу намалени. Напоменувам дека овој метод не е опасен за бебето. При овој вид анестезија мускулната сила е зачувана, што овозможува активно учество на родилката во актот на породувањето. Соработката со родилките трае во текот на целиот процес на породувањето. Од моето досегашно искуство, жените што еднаш се породиле на ваков начин, никогаш повеќе не се породуваат без обезболување на породувањето“, вели прим. д-р Раде Бијелиќ, специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување во специјалната болница за гинекологија и акушерство и центар за инвитро-фертилизација „Плодност“ од Битола.

прим. д-р Раде Бијелиќ

Најчесто кај бремените жени се поставуваат голем број прашања поврзани со безболното породување: дали тоа ќе претставува опасност за неа, за самиот плод, за продолжување на времетраењето на породувањето итн. Стручниот тим на болницата „Плодност“ особено води грижа за психофизичката состојба на пациентките. Така, во секое време анестезиолозите и преостанатиот лекарски и сестрински тим им стојат на располагање на бремените пациентки да добијат одговор на прашањата што ги мачат во врска со безболното породување. Во таа насока, голема улога за правилниот развој на секоја идна мајка има Школата за бремени.

Школа за бремени

„Во мајчината школа се врши психофизичка подготовка на бремените жени, подготовка за чинот на породување во однос на тоа дека тој треба да се сфати како убав чин во кој на свет се донесува сопственото дете, а не како чин на трауматизирање и болка. Им ги објаснуваме предностите и можностите за безболните породувања, што може да очекуваат од ваквиот начин на породување. Реално, сѐ повеќе расте довербата кај новите пациентки за безболниот начин на породување, иако до пред некоја година на тоа се гледаше со одреден страв.

Школа за бремени

Во мајчината школа ги учиме мајките како да постапат понатаму за правилно да ги дојат своите бебиња, а во школата се учи и како исправно да се применуваат хигиената и негата на новороденчињата. Во школата се добредојдени и татковците, кои ги имаме во сѐ поголем број. Мајчината школа топло ја препорачуваме за секоја бремена жена, бидејќи таа станува подготвена од повеќе аспекти за чинот на раѓањето и обврските што ѝ следуваат понатаму преку совети од стручни лица, а не од прераскажување на одредени, понекогаш и лоши примери, кои оставаат последици. Затоа на нашите пациентки им препорачуваме: ’Бидете дел од мајчината школа во болницата ’Плодност’ и подготвени дочекајте го доаѓањето на свет на Вашето новороденче. Мајчината школа е вистинска потреба за правилна подготовка на секоја идна мајка’“, истакна главната сестра Ребека Романова-Алексовска.

Ребека Романова-Алексовска, главна сестра

За споредба, во 2012 година во Болница „Плодност“ безболно се породиле само 12% од вкупно породените жени по природен пат, а во 2016 тој процент порасна на 65%. Годинава, до крајот на септември, дури 62% од родилките ја избрале оваа метода

Доколку сакате да го донесете Вашето дете на свет во прекрасни услови, со претходна психофизичка подготовка, со безболно породување, со 24-часовна нега што ќе ја имате Вие и Вашето новороденче, со максимална посветеност на персоналот, тогаш Вашиот избор е само еден – болницата „Плодност“ – Битола.

Бебиња родени во болницата „Плодност“

Болницата „Плодност“ од Битола полека но сигурно го презема приматот на најуспешна болница во земјава кога станува збор за инвитро-оплодувањата. Со 51,18% успешност во ИВФ-постапките, болницата „Плодност“ e место каде што голем број желби станале реалност.

ПЗУ “Болница Плодност”
ул.Асном 9, 7000 Битола
тел: +38947208880, факс: +38947208883
емаил: info@plodnost.com.mk
веб: http://www.plodnost.com.mk

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор