Дознајте која е „Една прави“!

Дознајте која е „Една прави“!

SHARE

Со растење на сознанијата од штетноста од индустриската козметика, се отвара пат за природната, органска и жива козметика. „Една прави“ е социјално претпријатие за производство и продажба на природна и органска, рачно изработена козметика. Вработени се едуцирани, стручни или обучени сингл мајки кои се дел и од „Една може“ единствена активна, граѓанска организација за унапредување на права на еднородителски семејства во РМ. Дел од профитот на претпријатието „Една прави“ оди директно во организацијата „Една може“.

Дел од производите се создадени од неискористените убавини од нашите планински билки и диви полиња. Дел се создадени од сертифицирани суровини кои ги набавуваме од Soil association, водечко сертификационо тело од Велика Британија, па со ова сме на рамна нога со квалитетот со производители како L’occitane.

Природни, ладно цедени масла, мацерати од билки и чисти путери, органски восок и пчелини деривати, инфузии од овошки, житарки, зачини и природна глина се водечки состојки на нашите производи. „Една прави“ производите се self-preserving или со природни конзерванси како мед и сол, значи немаат синтетички конзерванси, а сепак нивните формули се избалансирани на начин на кој се заштитуваат од бактерии и расипување.

Палетата на производи ја започнавме со мелем од мацерати од диви билки и пчелин восок, по рецепт на мојата баба, а нејзе пак од нејзината баба и бил оставен. Мелемот е за третман на оштетена кожа, за удрени места на палави дечиња, ранички, декубитиси, изгореници, за тврда и рапава кожа и за луксузна нега на здрава кожа. Потоа приклучивме природни сапуни од маслиново масло, а изродивме над десетина сапуни за секакви намени, за лице, за тело, за стапала, за интимна нега, за дечиња, за ексфолиација, за чуствителна кожа, за циркулација, против инфекции, антистрес, антифунгални, за честа употреба, за коса… Имаме лип балсами од пчелин восок, кокосов путер и мацерати од диви цвеќиња. Природни пилинзи и сол за капење, масни, од мед, од морска сол, од живи овошки, што ги нудиме на мерење. Бебешко органско масло за нега на бебешка и детска кожа и најженскиот путер во најчиста форма-органски ши путер кој е безбеден за употреба и кај новороденчиња, но е и број еден производ за здрава убавина на кожа. Какао путер, неприкосновен антиоксиданс, регенерира и спречува стареење, лекува лузни а во летните денови е препорачлив за нега и на кожа и на коса.

Нудиме неспакувани производи за да ја намалиме потрошувачката на пластика и хартија, а она кое го пакуваме, се трудиме да е од материјали кои можат да се рециклираат или реупотребуваат.

Дополнително, кога не сме во можност да не ги пакуваме производите, ги мотивираме клиентите да ги реупотребуваат паковањата со тоа што за секои 5 вратени испразнети пакувања, следува 10% попуст на пазарењето при кое ќе ги приложат паковките. Истовремено ги мотивираме да си носат свои теглички за производите на мерење или да донираат кон нашата компанија стакленки кои не ги користат. Ние ги стерилизираме и нудиме на оние кои немаат свои диспанзери.

Дизајните на брендот „Една прави“ се создадени од креативните рачиња на нашите дечиња, а до ниво на краен концепт ги доведоа дечките од „Брендер“. И дечињата и дизајнерите на “Брендер”, ни направија визуелизација за која добиваме пофалби каде и да се појавиме во светот.

„Една прави“ се залага за здрав и свесен начин на нега и хигиена, но исто така и за воспоставување на нови стандарди во работните односи, посебно во третманот на членови/членки од еднородителски семејства. Сите производи се рачно изработени токму од сингл мајки. Развиваме иновативна мрежа за продажба и сега ги покануваме сите заинтересирани сингл мајки, со вештини за продажба, да ни се приклучат и да ја шириме заедно визијата за еколошки, самоодржлив и рамноправен свет, преку „Една прави“.

Сите производи ги изложуваме во “Концепт центар Една може!/Една прави”, кој го имаме благодарение на соработаката со Комерцијална Банка АД Скопје, со која се бориме за зајакнување на жените преку јакнење и насочување кон upcycling и реупотреба на гардероба, што е дел од нашата мисија.

Грижата за животната средина и рамноправност и легитимитет на сечија индивидуалност за секој/а еден/на граѓанин/ка, се постулати на кои се изградени „Една може“ и „Една прави“, а нашите дела се кохезија на умеење, искуство, емотивна зрелост, интелект, отвореност за усовршување, свесност за силните и слаби страни и секако, една може и една прави зошто една љуби.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор