5 исклучително здрави есенски плодови: Консумирајте ги!

5 исклучително здрави есенски плодови: Консумирајте ги!

SHARE

Слушајте го ритамот на природата и уживајте во есенските плодови. Издвојуваме пет исклучителни кои можат да го намалат ризикот од срцеви болести, да го поттикнат излачувањето на токсините, да го спречат растот на туморите и да го подбрат видот. 

0787007.48

Капините ја јакнат крвта

Ова овошје е исклучително богато со железо, а без железо нема добра крвна слика. Содржи 1,85 мг железо во 100 грама, што е 23 отсто од дневното внесување. Имаат исто толку железо како и говедското печење. Освен тоа тие се и одличен извор на витамин Ц и антиоксиданти чија улога е чистењето на токсини од телото.

Лешници за здраво срце

Имаат повеќе мононезаситени масти отколку другите јаткасти плодови. Го снижуваат холестеролот кој може да ги затне артериите. Истражување од 2007 година покажало дека мажите кои јадат лешници имаат 35 отсто помал ризик од срцеви болести околку оние што не јадат. За вегетаријанците се тие одличен извор на омега-3 масни киселини, а тие ја смалуваат појавата на аритмија.

Шипки за кашлица и настинка

Заради високата доза на витамин Ц, сирупот од шипки често се користи при ублажување на симптомите на настинка. Содржи 1000 пати повеќе Ц витамин отколку портокалите и лимоните. Во шипките ќе најдете и витамини А, Д, Е, калциум, железо и важни масни киселини. Правот од шипки ја ублажува и болката од остеоартритис.

Боровинки за очи

Овие мали боровинки имаат високо ниво на антоцијанин, пигмент што има антиоксидативни својства, а се смета дека го спречува и растот на туморите. Поседуваат и противоспалителни својства, добри се за здравјето на очите, ги штити крвните жили и сврзувачкото ткиво на очите и го смалува ризикот од катаракта.

Со сливи против бактерии

Плодот од сливи што потекнуваат од САД, Prunus alleghaniensis, е помалку горчлив но преполн со витамини Ц и антиоксиданти. Тие се природно средство против бактерии, а содржат и високи дози на антиоксиданти кои се поврзуваат со помал ризик од срцеви болести. На подрачјето на САД, сирупот од ова овошје се користи за лекување на настинката.

Домашните сорти на сливи одлично го регулираат апетитот и столицата. Ако ве мачи запек, уживањето во сливите е најдобар природен начин за поттикнување на работата на цревата. Заради високата содржина на пектин (кој го снижува нивото на холестерол) го поттикнува создавањето на мека столица, а тоа е погодно за сите што ги мачат хемороиди и цревни болести. На овој начин превентивно делуваме и против настанок на ракот на дебело црево.

Сливите добро делуваат и на црниот дроб на кој му помагаат во отстранувањето на токсините од телото, како и на излачувањето на урината. Им се препорачува и на личности болни од ревматизам, артериосклероза и анемија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор