Научниците имаат необично решение како да се намали желбата за чоколадо

Научниците имаат необично решение како да се намали желбата за чоколадо

SHARE

Едно истражување спроведено на Универзитетот Стенфорд и Карнеги Мелон дошло до нов начин за намалување на желбата за одредена храна: предозирајте се со нешто што многу го сакате се’ додека тоа не ви се смачи!

čokolada

Во ред, тоа можеби би можело да функционира, но не е најздрав начин за да престанете со консумирање одредени видови намирници.

Имено, во рамките на истражувањето, научниците поделиле 43 учесници во експериментот на две групи. Сите тие биле студенти од обата пола кои обожаваат чоколадо. Првата група добила една млечна чоколадна бонбона, а другата по четири. Потоа, двете групи биле замолени да оценат колку им се допаднала.

Резултатите покажале дека на оние кои јаделе помала доза, повеќе им се допаднала бонбоната отколку на оние кои изеле по четири. Исто така, овие вторите подоцна сакале помалку шеќер, иако на почетокот од експериментот и едните и другите еднакво уживале во чоколади.

Сепак, со оглед на тоа што ова баш и не е најздравиот начин за да ја победите желбата за чоколади, ви предлагаме некои поздрави решенија:

Одберете салата како предјадење.
Една нова студија покажала дека ваквиот пристап кон јадењето го прави поздрав целиот оброк.

Одберете поздрава верзија од она што го сакате.
На пример, ако она што многу го сакате е шеќер, зошто не би го побарале во јаболкото, наместо во чоколадото?

Наспијте се.
Научно е докажано дека пократкиот сон значи поголем апетит.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор