Време е за есенски план на исхрана

Време е за есенски план на исхрана

SHARE

Како што деновите стануваат постудени и дождливи, така и ние, за жал, стануваме физички понеактивни. Истражувањата покажуваат дека најмногу килограми добиваме во периодот меѓу септември и февруари. Затоа, не заборавајте дека есента бара мало приспособување на исхраната, бидејќи само умереноста може да ни помогне да го одржиме саканиот изглед.

Таканаречената храна за утеха е дозволена одвреме-навреме, но на менито треба да преовладува здрав избор

Апетитот се зголемува

Истражувањата покажуваат дека апетитот слабее на високи температури, а со доаѓање на студените денови, стануваме погладни, и тоа е еден од факторите што предизвикуваат консумирање повеќе калории од препорачаната дневна доза.

Повеќе јадења „на лажица“

Додека на високи температури главно избираме ладни оброци, штом ќе падне температурата, се определуваме за топли залачиња. Најчест студен оброк што го избираме се овошни и зеленчукови салати, а топлите јадења, по правило, се многу покалорични – калорични крем-чорби, тестенини, варива со месо…

Се менува расположението

Потмурните и постудени денови можат да влијаат врз расположението и да предизвикаат своевидна сезонска меланхолија или депресија. А депресијата влијае да јадеме повеќе, нели? Затоа есента е вистинско време да ги вклучиме во исхраната состојките што стимулираат синтеза на хормонот на среќата – серотонин. Тоа значи дека повремено треба да се почестиме со омилениот десерт, како и со пијалак, а ако сакаме оригинален вкус без калории, тука се напивките со засладувачи со нула калории.

Стануваме поподложни на настинки

Есента носи студени денови и го слабее имунитетот. Затоа е важно да продолжиме да јадеме овошје и зеленчук. Свежите намирници што ги полнат пазарите наесен повеќето од нас не ги сметаат за омилени, но оваа годишна доба ја карактеризираат исклучително здрави намирници, кои задолжително треба да се најдат на нашето мени. Меѓу најздравите се: тиква, грозје, круши, јаболка, прокељ и карфиол.

Текст: Наташа Човиновска

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор