Травел-специјал: Дојран – градот што воскресна…

Травел-специјал: Дојран – градот што воскресна…

SHARE

Спроти „Д фестивалот“, кој ќе се одржи викендов во Дојран, ве водиме низ убавините на овој регион, а со цел да ви овозможиме комплетно уживање – покрај музичкото, и гастрономско, релаксација на плажите, во природата… Сето тоа и многу повеќе во рамките на травел-специјалот на јулскиот број на списанието „Убавина и здравје“.

Преубави плажи, комфорни хотели, локални специјалитети, забава за сите посетители, културно историски локалитети… Колку само неоткриена убавина и можности крие овој наш туристички бисер..

Некој ќе каже, Дојран не е тоа што беше. Да, навистина, Дојран не е тоа што беше, бидејќи изминативе години во него се инвестираше, се градеше, се работеше напорно за да ја добие титулата – туристички бисер на Македонија.

Дојран не е веќе малото и заборавено гратче, бидејќи за Дојран денес слободно можеме да кажеме дека им парира на другите туристички бисери во земјава. Изградени се нови хотели, луксузни вили, плажи по светски терк, ресторани со највкусни специјалитети, шеталишта, патеки за велосипеди, со други зборови – Дојран е идеално место за вашиот летен одмор.

Но има повеќе работи што овој град го прават посебен, а се разбира на прво место е калта од Дојранско Езеро. Според експертите, дојранската кал е лековита бидејќи во неа има многу состојки што ѝ помагаат на вашата кожа.

И, како што велат во филмот „Англиски пациент“, животот е слики што сме ги виделе, вкусови што сме ги понеле во устата и сме ги проголтале, допири што засекогаш останале на нашата кожа, музика и звуци што сме ги слушнале. Работи во кои сме се заљубиле. Тела и места што сме ги препливале и сме ги претвориле во реки на мудроста, а сето тоа се наоѓа токму тука, во Дојран. Да ги собереме заедно и да ги помирисаме. Да скокнеме во езерото на убавината. Материјалните работи може да ни ги одземат, но спомените никогаш…

#Легендата за Дојран

За градот Дојран има неколку легенди, но најпозната е онаа за убавата мома Дојрана. Имено, Дојрана се вљубила во овчарчето Лабин. Еден ден, среде градот се виело оро, каде што биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент дошол Џемо Арамбашата, кој ја здогледал убавата Дојрана и ја грабнал, а Лабин тешко го ранил со сабјата. Дојрана, од големата омраза и лутина кон Џемо, скокнала од неговиот коњ и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успеала да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се удавиле во езерото. Од тој трагичен настан, езерото, според легендата, се нарекло по името на Дојрана – Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран

Факти за Дојран: дали знаевте?

– Крајезерскиот град Дојран се наоѓа на иста географска ширина со градовите: Струга, Драма (Егејска Македонија), Бари (Италија), Порто (Португалија) и Бостон и Чикаго (САД).

Езерото лекува

– Водата во Дојранско Езеро содржи магнезиум и калциум.

Дојрански дијалект

– Ѕрнцала – очила

– Ѓољ – езеро

– Дудак – усна

– Саан – чинија

– Јурт – кисело млеко

За остатокот од текстот, кликнете на следната страница

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор