FoodTalk 2015: Целодневно гастро-уживање на Матка

FoodTalk 2015: Целодневно гастро-уживање на Матка

SHARE

Првата регионална конференција за храна, која вчера се одржа во прекрасниот амбиент на „Кањон Матка“, ја отвори Роберт Чобан, сопственик на компанијата Color press Grupa, која е и организатор на конференцијата и најголем издавач на магазини во Југоисточна Европа. Тој ја прогласи конференцијата FoodTalk за отворена и им посака добредојде на сите присутни.

2

Водител низ целодневната програма на конференцијата беше Јована Стојменовиќ. 

1Конферецијата се состоеше од шест панел-дискусии и од две кејс-студии, богата програма, проследена со повеќе демонстрации во живо од процесот на приготвување на најразлични јадења од присутните готвачи, вештите жени и дел од панелистите.

IMG_5393

IMG_5057

Првиот панел со кој и почна оваа конференција гласеше: Месо? ГМО? Глутен? Пестициди? Холестерол? Лактоза? Хормони? Што да јадам? Покровител на панелот беше „Идеал Шипка“, најголемиот производител на млеко и млечни производи во нашата држава.

IMG_4838

IMG_5116

Што да јадеме е прашањето што секој од нас си го поставува секојдневно. Во тој контекст, храната што денес ја консумираме во голем дел е комплетно различна од таа што претходно десетици илјади години ја консумирале нашите предци. Дали токму во храната лежи одговорот на многубројните хронични и фатални болести кои го демнат човештвото? Колку е храната отров, а колку е – лек? Дали всушност денес луѓето воопшто знаат што јадат или што да јадат? Одговор на сите овие прашања добивме од реномирани стручњаци од областа на производството и контролата на храната, како и од стручни лица токму за препораки за исхраната.

IMG_4954

Проф. д-р Соња Ивановска, професор по генетика на Факултетот за земјоделски науки и храна, Скопје; Ѓорѓи Хаџи-Котаров, претседател на Федерација на производители на органски производи на Македонија; Румен Стаменов, директор на Државен инспекторат за земјоделство на РМ; Цвета Динева, нутриционист, сопственичка на „ДИЕТ клуб-Скопје“; Драган Јованов, фитотерапевт и асистент на Факултетот за екологија и храна; Д-р Јадранка Бибан, гинеколог-акушер, основач на „8-ка лајфстајл-магазин“. Модератор на панелот беше Ирена Спировска, ТВ-водителка во ТВ Алфа.

FIT&FOOD беше насловот на вториот панел на тема: Што да се јаде за да бидеме убави и здрави? Покровител на панелот беше „Агрофила“, производител на ладно цедени масла.

IMG_5047

IMG_5130Во морето од разновидни диети, начини на исхрана, начини на приготвување на храната, човек може лесно да се загуби, да се разочара и да „крене раце“ од идејата да почне да се храни здраво. На оваа тема зборуваа неколку експерти од областа на медицината, нутриционизмот, фитнесот, како и луѓе, кои со сопствениот пример потврдуваат што значи да се биде здрав и „фит“. Учесници во овој панел со водителката Лила Филиповска беа: Данијела Стаменковиќ од Нови Сад, фитнес-инструкторка и уредник на блогот „Fit&Food“, д-р Стефан Јаќовски од Скопје, специјалист-нутриционист лиценциран од стана на Интернационалната фитнес и бодибилдинг-федерација, Елена Велевска, фолк-пејачка, Маја Платнар, сопственичка на бистрото за „жива“ храна – „Здраво-живо“, Скопје, Марија Нацева, балкански првак во категоријата бикини-фитнес и сопственик на центарот за спортска опрема и исхрана „Get Ready“, Д-р Ана Гифинг, специјалист по антиејџинг-медицина, сопственичка на ординацијата „Д-р Гифинг“ – центар за хроно-исхрана, во Белград и Филип Арсовски, сопственик на ресторанот „Fitnes House“ во Скопје.

IMG_5122

Панелот број 3, кој привлече и најголемо внимание поради тоа што беше најдиректно поврзан со храната, и тоа со онаа која веднаш по него сите присутни можеа и да ја вкусат, беше оној чии учесници беа гастро-шефови (сопственици и шефови на кујните на реномирани ресторани во Македонија).

gotvaci

Покровител на панелот беше фирмата „Жито Лукс“.

IMG_4758

Марк Де Јонг, гастро-шеф кој доаѓа од Белгија и е освојувач на престижни Светски награди во готвење, инаку, главен гастро шеф во ресторанот „Кањон Матка“, Никола Мишковски, главен гастро шеф во Mikei Hanting Klub, Kamnik bb, Орданчо Унчев, гастро-шеф во ресторанот „Тиквеш“, Дејан Христовски, гастро-шеф, сопственик на ресторан и водител на популарната кулинарска емисија „Четири сезони“ и Влатко Огненовски, гастро-шеф во „Форца“ и учесник во кампањата „Шпајзот на Македонија“.

IMG_5257

Водител на панелот беше водителката Јована Стојменовиќ.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор