FoodTalk Македонија

FoodTalk Македонија

SHARE

Вчера, во ресторанот “Кањон Матка“ на самиот брег на езерото Матка се одржа првата регионална конференција за храна во организација на кулинарските магазини „Бабина кујна“, „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, сопственост на компанијата „Колор Медиа“, инаку, дел од групацијата на најголемата издавачка куќа на Балканот „Color Press Group“, со седиште во Нови Сад.

IMG_4806

На конференцијата на која се одржаа шест панели на шест теми поврзани со храната, учествуваа голем број гости, панелисти, готвачи, сопственици на ресторани, винарии, гастро-блогери, водители и други експерти од оваа област и гости од регионот.

IMG_4781Еден од главните спонзори на конференцијата „FoodTalk“ беше компанијата „Подравка“, една од најголемите прехранбени компании во овој дел од Европа. Освен во Хрватска и во соседните земји, Подравка своите производи ги продава низ целиот свет, па дури и во Африка, Азија, Австралија, Русија, САД, Канада и на Блискиот Исток.
IMG_4813

IMG_4822Од другите спонзори тука беше „Идеал Шипка“, компанија која благодарение на континуираните технолошки унапредувања и надградувања, воведе нова, модернизирана линија за производство на јогурт, а на конференцијата ги почести присутните и со неколку видови сирење и кашкавал, како и со млечните намази од топено и од крем-сирење.

IMG_4838

IMG_4928

Тука беше и „Жито лукс“ кој веќе 66 години секој ден одново почнува да ја создава својата приказна со секој свежо испечен леб и со секој нов производ пласиран на пазарот.

IMG_4587

IMG_5025

Официјално вино на конференцијата беше „Тиквеш“, во чиј врвен вкус присутните можеа да уживаат во текот на целиот ден.

IMG_4995

IMG_5362

Рифреш-партнер на конференцијата беше Кока-кола, која заедно со водата Роса ги освежуваше присутните во текот на паузите.

IMG_5037Кафе-партнер на конференцијата беше фирмата „Цептер“ која освен со квалитетното кафе, се претстави и со своите ексклузивни производи за широка потрошувачка и обезбеди награди за наградната игра во вредност од 1.200 евра.

IMG_5070

IMG_4833

„Агрофила“ обезбеди здрави, ладно цедени масла со кои беа прелиени вкусните салати приготвени од готвачите.

IMG_5048

IMG_5047Присутните се уверија и во квалитетот на рибите од брендот „Македонска пастрмка“.

IMG_5071

IMG_5387

Официјално возило на конференцијата беше „Форд“, кој го обезбеди Мида моторс, а во неговите перформанси имаше можност лично да се увери и главниот гостин на конференцијата, господин Оливер Млакар.

IMG_4651
IMG_4650

Тука беше и „Виолета“, еден од најпознатите брендови за производство на хигиенски производи, кој обезбеди свој производ во торбичките што како подарок ги добија сите присутни на почетокот од конференцијата, како и наградата од новиот бренд за производи за домаќинство „Пaрекс“.

IMG_4834IMG_4835

За безбедноста на сите присутни се погрижи фирмата НИКОБ обезбедување.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор