Food Talk Macedonia: Најеминентните готвачки имиња собрани на едно место

Food Talk Macedonia: Најеминентните готвачки имиња собрани на едно место

SHARE
mark
Марк де Јонг

„Food Talk Macedonia 2015“ е регионална конференција за храна, која ќе се одржи на 18 септември (петок) во ресторанот „Кањон Матка“ во близина на Скопје. На конференцијата, покрај панелистите од областа на медицината, нутриционизмот, фитнесот, познатите личности и претставниците на неколку амбасади, ќе учествуваат и еминентни готварски имиња кај нас. Повеќе детали за конференцијата можете да пронајдете ТУКА

miskovski
Никола Мишковски

Марк де Јонг, Белгиец со македонски корени, готвењето го смета за најголема привилегија, исто како и богатството на македонската кујна, која ја приспособува на своите гастрономски вештини. За тоа колку Никола Мишковски си ја сака професијата, сведочи неговиот постојан креативен ангажман како шеф на кујната на хотелот „Камник“. Специјалност му е сервирањето во минималистички порции, нови техники на брза обработка на храна која ги задржува сите хранливи состојки. Со линии и точки прави уметнички дела на чинии, ги сака и користи зачинските билки од поднебјето. Од многуте добиени награди, златни и бронзени медали, најдраго му е финалето на престижниот натпревар „Топ 3“ во Хрватска, во конкуренција од 240 готвачи од Европа.

Влатко Огненовски стана омилен лик меѓу сите генерации по серијалот за здрава храна „Шпајзот на Македонија“.

vlatko-ogan
Влатко Огненовски

„Подготвувајќи се за серијалот каде што здравјето е избор, инаку проект на Владата на Р. Македонија, имав можност да допрам до нечепнатите делови на Македонија. Бев фасциниран од убавите предели, богати со секаква вегетација која може да се употреби во исхраната. ’Ржан леб, макало, пинџур…, тоа е нашата храна со пет ѕвезди“ – вели популарниот готвач.

deni
Дејан Христовски – Дени

Дејан Христовски – Дени поголемиот дел од вас првпат го видоа на малите екрани пред неколку години. На почетокот можеби сите беа помалку скептични, но сепак Дени успеа преку нeговото шоу „Четири сезони” да се промовира во еден од најзабавните и најкреативните готвачи.

Орданчо Унев е главен готвач во винарската визба „Тиквеш“.

unev
Орданчо Унев

„Во ресторанот на ’Тиквеш’, заедно со менаџерот Александар редовно работим на нови рецепти и на подготвување на мени-листи што се составен дел од понудата на ресторанот. Посебно задоволство ми е да готвам морски плодови и риба и секогаш експериментирам со различни вкусови и различни стилови од интернационалната кујна. Ние, во нашиот ресторан, сме и пионерите во подготовка на месото и други намирници  по т.н. техника SOUS VIDE, која овозможува подготовка на намирници под посебен режим во водена бања, со која храната се приготвува на здрав начин“, потенцира Унев.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор