ЈК не се појави на суд! Цеца порачува: „Очигледно во прашање е...

ЈК не се појави на суд! Цеца порачува: „Очигледно во прашање е избегнување“

SHARE

Цеца Ражнатовиќ ја тужи Јелена Карлеуша поради низата клевети и навреди, но русокосата пејачка вторпат не се појави на судското рочиште, иако полицијата лично и’ ја врачи поканата.

Како што пишуваат српските медиуми, на полицијата вратата им ја отворила лично Јелена и ја добила поканата за суд, но не се појавила бидејќи, како што вели нејзиниот адвокат, ја примила доцна.

Ова е вторпат Карлеуша да го избегне рочиштето, а не се појави и на претходното, кое беше закажано за 4-ти октомври, кога повикот за суд го зела помошничката, која наедно и се потпишала.

Тогаш, Јелена се правдаше дека судењето не било на тој датум, а судијата и сам потврдил дека позивот бил донесен во куќата на Карлеуша. По се’, српските новинари ја прашаа Цеца што мисли за однесувањето на тужената.

„Очигледно во прашање е избегнување. Во секој случај, не сум јас таа што треба да полемизира околу тоа. Секако, се појавувам како што треба и ќе се појавам секој пат, мене ми е најважно правдата да се докаже и тоа ми е единствената сатисфакција“, порачува Цеца Ражнатовиќ.

Потсетуваме, се’ започна кога ЈК во медиумите ја обвини Цеца дека наводно го нарачала убиството на Зоран Давидовиќ.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор