Фановите го обвинија: Дејвид Бекам користи ботокс? (ФОТО)

Фановите го обвинија: Дејвид Бекам користи ботокс? (ФОТО)

SHARE

И оваа година Дејвид Бекам ја поддржа својата сопруга Викторија и од првиот ред уживаше во нејзината фантастична ревија на Модната недела во Њујорк. Меѓутоа, нејзината колекција речиси падна во втор план, затоа што една од топ-темите на вечерта беше токму нејзиниот славен сопруг, односно шушкањата дека користи ботокс. Трачевите почнаа да се шират поради лицето на бившиот фудбалер кое вечерта изгледаше значително помладо.

Откако на профилот на британскиот „Воуг“ беше поставена фотографија од новиот главен уредник Едвард Енинфул, Дејвид Бекам и Бруклин, една жена искоментира дека „ботоксот изгледа одлично на лицето на Дејвид“, но и’ одговори самиот Бекам.

„Не се согласувам со ботоксот, госпоѓице, но ќе го сфатам коментарот како комплимент“, одговори шармантниот фудбалер.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор