Сузана Манчиќ не се дава: Пропадна свадбата

Сузана Манчиќ не се дава: Пропадна свадбата

SHARE

Популарната српска водителка и пејачка Сузана Манчиќ во септември годинава конечно требаше да го изговори судбоносното „да“ со својот долгогодишен љубовен партнер Симеон Оцомокос.

Меѓутоа, свадбените ѕвона не одекнаа, а водителката дури неодамна јавно проговори за причините за одлагањето на венчавката.

„Одлучив ништо да не откривам, затоа што претходно кажав, па медиумите не’ разделија. Меѓутоа, кога ќе биде, нека биде… Едноставно, не сакам да се давам. Сега сакам тој да ме однесе пред олтарот, а така и ќе биде“, низ шега изјави Сузана.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор