Сите деца на Трамп

Сите деца на Трамп

SHARE
Доналд Трамп три пати се женел, а во своите бракови добил пет деца.

Доналд Трамп новиот Американски претседател освен во политиката, се реализирал и како претприемач, телевизиска ѕвезда, но и голем заводник. Неговиот бурен живот го обележале трите негови сопруги, две поранешни и една сегашна.

Од 1977 до 1991 година Трамп бил во брак со Ивана Трамп, манекенка со чешки корени. Со неа ги добил трите деца. После тоа, неколку години поминал со актерката Марла Мејплс, со која наводно ја изневерувал Ивана. Сега, конечно, се смири со Меланија Кнаус, убавица од Словенија.

За време на своите бракови, Трамп ги добил своите пет деца. Тие сигурно му се неговата најголема гордост, а дури и неговата ривалка Клинтон, кога била прашана што би истакнала позитивно кај Трамп, одговорила: „неговите деца“. Што прават и каков живот водат децата на славниот Доналд Трамп?

Доналд Трамп Џуниор

Најстариот син на Доналд, кој го добил во 1977 година во бракот со Ивана се занимава со претприемништво. Моментално работи со сестрата Иванка и братот Ерик како заменик претседател во семејната компанија. Дипломирал економија, а течно зборува и чешки, јазикот на неговата мајка. Во претседателската трка жестоко го поддржува својот татко. Не се експонира многу во медиумите и, и самиот е татко на пет деца. Се венчал во 2005 година со манекенката Ванеса Хајдон и со неа добил две ќерки и тројца синови.

Иванка Трамп

Убавата Иванка е обожувана ширум Америка, бидејќи е способна бизнис жена, но и вистинска семејна жена. Прекрасната Иванка е родена во 1981 година во Њујорк и е второто дете на Трамп и Ивана. Таа работи во компанијата на нејзиниот татко заедно со браќата, а главниот фокус и` се хотелите и недвижнините. Во младоста се занимавала со манекенство. Исто така, како нејзиниот брат и таа дипломирала економија и зборува чешки, иако само површно. Ивана е во среќен брак со Џеред Кушнер, со кого има три деца.

Ерик Трамп

Ерик е најмладото дете на Ивана и Доналд, роден во 1984 година во Њујорк. И тој работи во компанијата на неговиот татко, а неговиот работен фокус е на ширењето на семејниот бизнис надвор од границите на САД. Освен тоа, тој е сопственик на семејната винарија и води 18 голф терени кои ги поседува неговиот татко. На чело е на хуманитарна организација која собира пари за детски болници. Токму поради оваа организација Ерик се најде на мета на критики – имено, тој е обвинет дека со помош на хуманитарната организација избегнува плаќање на даноци и истото им го овозможува на членовите на неговото семејство. Дипломирал финансии и менаџмент со најголеми пофалби. Се венчал во 2014 година со Лара Јунаску, својата долгогодишна девојка и продуцентка.

Тифани Трамп

Младата Тифани е родена во 1993 година во вториот брак на Доналд Трамп со актерката Марла Мејплс. Тифани моментално студира, се занимава со манекенство и се појавува на разни настани. Исто така, за време на претседателската кампања го поддржуваше нејзиниот татко и се појавуваше на неговите собири. Наскоро ќе дипломира социологија. Тифани се дружи со американската елита, а љубовно ја поврзуваа со Рос Мекеник, чиј татко е сопственик на една угледна адвокатска канцеларија.

Барон Трамп

Младиот Барон е роден во 2006 година. Има само 10 години, иако тоа не го спречило да го поддржи својот татко на претседателските собири. Трамп го добил Барон во бракот со Меланија Кнаус. Момчето е родено во Њујорк, а наводно освен англиски, зборува и словенечки јазик. Доналд повеќе пати ја пофалил Меланија и нејзините мајчински вештини: „Таа е одлична мајка, многу го сака својот син, и морам да кажам, ќе биде одлична прва дама“, рекол Трамп во едно интервју.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор