Пресврт во драмата на Ким: Крадецот ѝ испратил писмо од затворот!

Пресврт во драмата на Ким: Крадецот ѝ испратил писмо од затворот!

SHARE

Популарната американска старлета Ким Кардашијан беше ограбена лани во својот апартман во Париз. (Повеќе информации за пеколот низ кој поминала Ким, прочитајте ТУКА)

Како што пренесуваат странските медиуми, еден од уапсените крадци и’ пратил писмо на француски, а го превеле нејзините адвокати.

„По набљудувањето на вашите емоции и психолошките оштетувања што ви нанесов, одлучив да ви пишам. Сакам да Ви се обратам како човек и да ви кажам колку жалам поради мојот гест и колку ме повреди тоа кога ве видов во солзи. Да знаете дека во потполност сочувствувам со вас. Ја чувствувам болката која ја изразивте на вашите деца, вашиот сопруг и најблиските. Се надевам дека ова писмо ќе помогне малку по малку да заборавите на траумите кои ги преживеавте поради мене“, наводно стои во писмото.

Ким во повеќе епизоди од реалното шоу „Во чекор со Кардашијан“ откри дека ова случување во потолност и’ го сменило животот. За време на кражбата, поминала низ терор кога помислила дека ќе ја силуваат и ќе ја убијат, а потоа се повлече од јавноста неколку месеци.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор