Наташа Беквалац: По Ибица, уште една заклетва, овој пат пред родителите

Наташа Беквалац: По Ибица, уште една заклетва, овој пат пред родителите

SHARE

Поп-пејачката Наташа Беквалац третпат го изговори судбоносното „да“, овој пат со Лука Лазукиќ, со кого се венча на Ибица кон крајот на минатиот месец. Земајќи предвид дека на венчавката не присуствуваа нивните ќерки и родители, тазе-младенците им подготвија изненадување.

„Наташа и Лука ќе организираат една вечера на која ќе ги соберат членовите на потесното семејство. Најголемо изненадување ќе биде доаѓањето на матичарот, пред кого уште еднаш ќе се заколнат на ’вечна љубов’“, открива за српските медиуми добро информиран извор.

Инаку, уште еден доказ дека Наташа е вљубена до уши е податокот дека првпат го зеде презимето на сопругот, така што сега се презива Лазукиќ.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор