Лепа Брена: „Му реков на Боба дека доволно го галевме“

Лепа Брена: „Му реков на Боба дека доволно го галевме“

SHARE

Постариот син на пејачката Лепа Брена, Стефан Живојиновиќ, откако заплови во музичките води, ја придружува мајка си на сите јавни настапи. Тој го пополни местото што досега беше резервирано за неговиот татко Боба Живојиновиќ.

„Му кажав на Боба дека досега со мене секаде ќе оди Стефан, кој сака да се занимава со шоу-бизнис, а него доволно го галевме“, се пошегува гордата мајка, истакнувајќи дека на сите можни начини сака да го поддржи својот син, и иако знае дека му претстои тежок пат, има доверба во него.

„Стефан има добра подлога. Ја има поддршката од родителите, добро воспитување, добро момче е, па сега само ќе го потурнеме. Нека почувствува малку тврдо, малку меко, всушнсот така стојат работите. Додека не проба, нема да знае. Го избра овој пат, па нека види како е. Ниеден пат не е лесен, но Стефан е подготвен да се ори“, заклучува Брена.

А ако сакате да слушнете како пее Стефан Живојиновиќ, кликнете ТУКА.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор