Кога Боба и Брена слават годишнина од бракот, тоа изгледа вака (ФОТО)

Кога Боба и Брена слават годишнина од бракот, тоа изгледа вака (ФОТО)

SHARE

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ денес слават 26 години заеднички  живот. Бившиот тенисер одлучи и годинава да ја однесе својата позната сопруга на Тајланд, каде што ја прославија својата сребрена свадба минатата година. На егзотичното патување со нив доаѓаат и синовите Стефан и Виктор, и наследникот на Боба од неговиот прв брак, Филип и неговата девојка Александра Пријовиќ.

Со оглед на тоа дека семејството Живоиновиќ престојува во еден од најлуксузните хотели во Koh Samui, тие за 15-дневниот одмор ќе платат 50.000 евра.

„Брена и Боба навистина со нетрпение го очекуваа ова патување. Пејачката е многу среќена во последниве месеци од успехот во бизнисот, особено поради тоа што новата песна помина одлично кај публиката, па со своето семејство ќе го прослави и овој успех. Таа веќе почна да се пакува, а не е ни свесна дека на Тајланд ја очекува изненадување од Боба, кое тој го чува во строга тајност“, вели извор близок Живојиновиќ за српски Курир.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор