Исповед на бившиот маж на Дара: „Нашиот брак никогаш не беше вистински“

Исповед на бившиот маж на Дара: „Нашиот брак никогаш не беше вистински“

SHARE

Милан Кесиќ, бившиот сопруг на Дара Бубамара, во исповедта за „Курир“ првпат раскажа како изгледал нивниот брак. Тој открива и во какви односи се сега, како и дали аферата со порно-фотографиите на неговата бивша сопруга влијаела на нивниот развод.

„Дара и јас се познаваме 12 години, бевме и останавме најдобри пријатели. Малку е тешко да ви го објаснам нашиот однос, доста е специфичен. Вистината е дека Дара и јас никогаш не бевме во вистински брак, главно нашиот однос се темелеше на пријателството и на почит. Постоеше и страст меѓу нас, тогаш и забремени Дара, па се венчавме. Меѓутоа, последните две и пол години од бракот немавме ништо, но не сакавме да се разведеме поради детето. Спиевме во посебни соби. Таа, како и секоја друга жена, мораше да излегува, да запознае некого. Мене не ми пречеше тоа, ја почитував секоја нејзина одлука“, раскажува Кесиќ.

За бившата сопруга Милан има само пофални зборови и, како што вели, го боли кога ќе слушне дека за Дара се зборува лошо.

„Меѓу првите дознав дека Дара е во врска со сегашниот дечко, таа самата ми кажа. Го немам запознаено, но немам нешто против и да го запознаам. И јас имам девојка, се вика Марија. Се запознавме преку пријателите, долго време сме заедно, многу пред Дара да си најде дечко. Дара е многу позитивна личност, прекрасна е и чесна“, вели Милан.

Кесиќ открива дека тој и пејачката сиот заеднички имот му го препишале на својот син Константин.

„Три стана во Белград, плац на Фрушка гора, многу недвижнини во Париз му оставивме на Коста. Сестра ми и јас од неговото раѓање секој месец му уплатуваме по 500 евра на сметката во Париз“, вели Милан и додава дека Дара не била со него од корист.

„Никогаш не ми бараше нешто бидејќи заработува доволно. Точно е и тоа дека и’ помагам да добие француско државјанство. Прво имаше на 10 години, тоа и’ истече и сега ги средуваме документите да добие постојано.“

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор