„Инсајдер“ – совршено место да се анализираат и пресоздадат некои општествени состојби

„Инсајдер“ – совршено место да се анализираат и пресоздадат некои општествени состојби

SHARE

Инсајдер е социјално ангажирана ТВ серија која се осврнува на актуелни теми од нашето секојдневие преку случките во редакцијата на истоимен неделен магазин што се занимава со истражувачко новинарство, а со емитување започна на 30 октомври секој работен ден во 20:40 на Телма ТВ.

„Една редакција е совршено место за да се анализираат и пресоздадат некои состојби во општеството, кои имавме за цел да ги прикажеме преку оваа серија“, вели авторот на сценариото Сашо Кокаланов, инаку долгогодишен уредник на сега-згаснатитот дневен весник „Дневник“.

Низ призмата на новинарството, „Инсајдер“ ги посочува проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани во секојдневниот живот. Во 26-те епизоди се обработуваат низа тематики, почнувајќи од слободата на медиумите, корупцијата, судскиот систем, образованието во државата, здравствениот систем, мигрантската криза и ред други теми кои се нашле на насловните страни на нашите весници во изминатите 26 години.

Во долгата листа на етаблирани актери од домашната и балканската филмска сцена се јавуваат Светозар Цветковќ, Ирена Ристиќ, Дејан Лилиќ, Силвија Стојановска, Јодран Симонов, Габриела Петрушевска, Сања Арсовска, Ана Стојановска, Ѓорѓи Нешкоски и Горан Ников.  Покрај Игор Иванов – Изи, серијата ја режираа Дарјан Пејовски, Вардан Тозија, Дина Дума и Марија Апчевска. Директор на фотографија е Димо Попов, сценографијата е на Михаил Панев, а костимограф Илина Ангеловска. Продуцент на серијата е Никола Мадиќ, продукцијата е на телевизија Телма и Слобода Филм, а извршен продуцент е Атанас Кировски.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор