Избрана „домаќинка на месецот“!

Избрана „домаќинка на месецот“!

SHARE

Денес во „Сити мoл“, во организација на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, се одржа настанот „Домаќинка на месецот“. Генерален покровител на овој настан беше компанијата „Подравка“, а учество зедоа 10 жени со своите специјалитети приготвени со „фант“.

IMG_7913

  1. Ивона Татабитовска Колевска од Скопје – Пилешки ролат
  2. Гордана Јовановска од Скопје – Селско месо
  3. Павлина Петрушевска од Скопје – Сармички во лозов лист
  4. Добринка Блажевска од Скопје – Полнет говедски јазик
  5. Данијела Стојковска од Куманово – Кумановски мезалак
  6. Ранка Митева од Скопје – Бомба-сарма
  7. Васка Андонова од Скопје – Паша-ќофте
  8. Бонка Богоева од Скопје – Турли-тава со два вида месо
  9. Македонка Антовска од Скопје – Плескавица со јајце
  10. Марина Груевска-Стојчевска од Скопје – Ролат со месо

Сите десет натпреварувачки во изминатиот период испратија најголем број рецепти објавени на страниците на најтиражното списание во Македонија – „Испрати рецепт“.

1 domakinka 2. domakinka 4. masi 4 8.domakinka 9.hrana 16.zeni 17.zeni 20.zeni 22.ambient 25.site 33.jadenje 33.zeni 34.jadenje 40 jadenja

За време на настанот, од страна на жирито составено од Ирена Спировска, Татјана Лазаревска, Јелена Спенџарска и ракометарите на „Вардар“ – Страхиња Милиќ и Стефан Терзиќ – беа дегустирани специјалитетите што ги приготвија овие домаќинки. Станува збор за главни јадења во чие приготвување домаќинките го употребија зачинот FANT на компанијата „Подравка“, а присутните имаа можност да дегустираат најразлични специјалитети, како што се мајсторски приготвен телешки јазик, кумановски мезалак, турлитава, сармички од лозов лист, „бомба“ од мелено месо и други познати и помалку познати јадења од нашето поднебје. За аранжирањето на масата се погрижи скопскиот ресторан „Бела“.

3 4 6 7.ema 10 12 14 bu

Сите домаќинки што учествуваа на настанот добија по еден пакет производи од „Подравка“, а со одлука на жирито, Гордана Јовановска од Скопје, Данијела Стојковска од Куманово и Васка Андонова од Скопје беа прогласени за најдобри, односно, ги освоија првите три места. Победничките добија поголеми пакети, а ќе добијат и кујнски прибор и садови за готвење, како и привилегијата да бидат дел од учесничките на следниот настан од овој тип што повторно ќе биде организиран од списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, а на кој ќе имаат можност да се борат за учество на престижниот балкански избор на „домаќинка на годината“.  Водителка на програмата беше Јована Стојменовиќ.

14

18.urednicka

26.daska za secenje

22.ambient

Александар Наков, шеф на продукција и маркетинг директор во Колор Медиа
Александар Наков, шеф на продукција и маркетинг-директор во „Колор медија“
Наде Стојилковиќ, уредничка на списанијата “Испрати рецепт“ и“Торти и колачи“
Наде Стојилковиќ, уредничка на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“
Денис Крсниќ-маркетинг директор на “Подравка“
Денис Крсник, маркетинг-директор на „Подравка“

29.hostesi

31.devojce

Со оглед на тоа што жирито имаше навистина тешка работа, односно, да ги избере најдобрите од сите прекрасни јадења сервирани на специјално аранжираните маси, сите рецепти што беа дегустиран во рамките на овој кулинарски спектакл ќе бидат објавени на страниците од следното издание на „Испрати рецепт“. Учесничките на настанот, прекрасните дами со неверојатни кулинарски способности, како спомен за своето учество добија специјални дрвени штици за сечкање изгравирани со логото на списанијата „Испрати рецепт“ и „Торти и колачи“, како и со она на генералниот спонзор – компанијата „Подравка“.

 Фото: Ристе Троковски

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор