Заврши првата школа за готвење: Cooking School (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Заврши првата школа за готвење: Cooking School (ФОТОГАЛЕРИЈА)

SHARE

Компанијата „Колор медија“, која ги издава најтиражните гастро-списанија „Испрати рецепт“, „Торти и колачи“, „Бабина кујна“ и „Хорно-готвач“, организира настан наречен „Cooking school“ за сите љубители на вкусното залче.

IMG_1446.jpg-1

Школата за готвење беше отворена во петокот од страна на гастро-шефот Влатко Огненовски, инаку, шеф на кујна во ресторанот „Форца“, кој одговараше и на прашањата на учесниците, посетителите и на случајните минувачи во „Веро-центар“. Можност да работат со Огненовски, и секако, да научат по нешто од него имаа шест учесници што се пријавија на нашиот имејл: event@colormedia.com.mk

IMG_1471.jpg-5

Во текот на вториот ден од Cooking School, во саботата, своите гастрономски искуства и совети со учесниците ги сподели гастро-шефицата на Британската резиденција во Скопје, Маре Јаневска.

IMG_1720.jpg-1

На третиот и последен ден на Cooking school своите вештина и совети ги сподели шеф Дејан Христовски, кој на својата екипа, сочинета од шестмина гурмани желни за повеќе знаење и кулинарско искуство, кои се пријавија за овој ГАСТРО-КУРС, ѝ покажа како се приготвуваат неколку вкусни јадења.

IMG_2074.jpg-3

Инаку, тридневниот гастро-настан Cooking School во Скопје се одржа под покровителство на компанијата „Идеал шипка“, произведувач на највкусните млечни производи во Македонија. Настанот го помогна и компанијата „Планинска роса“.

IMG_2198.jpg-8 IMG_2127.jpg-7 IMG_2104.jpg-5 IMG_2080.jpg-4 IMG_2074.jpg-3 IMG_2042.jpg-2 IMG_2035.jpg-1

IMG_2023.jpg-8 IMG_1965.jpg-7 IMG_1862.jpg-6 IMG_1816.jpg-5 IMG_1836.jpg-4 IMG_1814.jpg-3 IMG_1784.jpg-2

IMG_1629.jpg-10 IMG_1667.jpg-9 IMG_1568.jpg-8 IMG_1510.jpg-7 IMG_1546.jpg-6

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор