Емина Јаховиќ: „Не се омажив за слава и за пари!“

Емина Јаховиќ: „Не се омажив за слава и за пари!“

SHARE

emina_jahovic

Поп-пејачката Емина Јаховиќ одлучи да им одговори на шпекулациите дека е една од најбогатите жени во Истанбул благодарение на бракот со турската мегаѕвезда Мустафа Сандал.

„Мојот сопруг е човек кој е, пред се’, богат во душата. Богатство не е само да сте богати во парите, туку и да сте добар човек. Далеку од тоа дека сум материјално најбогата во Истанбул. Мојот сопруг ги нема најскапите парчиња облека во плакароти не е од оние што по секоја цена сакаат да бидат први на тој план. Тој е доста повлечена и семејна личност. Ни во еден миг не се омажив заради пари, слава или популарност, и пред него бев успешна жена, личност што сериозно се занимаваше со пејачката кариера и која го заработуваше својот леб“, вели Емина, која признава дека сопругот ја наговара да имаат трето дете.

„Би сакала повторно да станам мајка, но не сум сигурна дека имам доволно време и трпение се’ да почнам од почеток. Да се занимавам со цуцли, пелени и други нешта. Додека моите другарки уживаа и излегуваа во град, јас бев бремена и секогаш им велев: ’Ќе видите и вие кога ќе бидете трудни, а јас ќе одам во град и ќе уживам!’ Тоа време дојде сега, јас уживам, а тие се грижат околу бебињата“, смеејќи се завршува Емина.

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор