Емина Јаховиќ веќе пет дена е завеана: „Буквално сме заробени!“

Емина Јаховиќ веќе пет дена е завеана: „Буквално сме заробени!“

SHARE

emina-jahovicПоп-пејачката Емина Јаховиќ е бесна бидејќи не е навикната да биде заробена. Имено, поради завеаноста на улиците во Истанбул, семејството Сандал веќе пет дена не може да излезе од дома. Таа и нејзиниот сопруг Мустафа Сандал завеаноста ја искористија и за снежни игри во дворот со своите два сина.

„Уште планираме како ќе ги прославиме важните датуми што ни претстојат. Во Истанбул има многу снег и градот е блокиран, со автомобил не може да се помине низ улиците. Летовите се откажани. Буквално сме заробени. Не знам колку ќе трае ова и не знам дали ќе успеам да ги организирам нашите семејни прослави“, изјави Емина.

Следете нè на Instagram

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор