Ева Мендез: Тајните на негата ги научив од мајка ми

Ева Мендез: Тајните на негата ги научив од мајка ми

SHARE

Ева Мендез е една од најубавите жени на денешницата. Таа им е целосно посветена на своите страсти – глумата и семејството! Својата интима мудро ја чува за себе, а само за „Убавина и здравје“ се согласи да одговори на неколку прашања!

Иако е родена во САД, Ева Мендез потекнува од Куба. Уште како мала била тврдоглава и храбра, а пред да се определи за глумата, студирала маркетинг на Државниот универзитет во Калифорнија. Нејзината решителност и подготвеност да излезе од својата комфорна зона ѝ се исплатија во актерството – од улогите во комедии, до карактерните драмски остварувања. Зад екранот, Ева ја внесува истата страст во своите активности – и во хуманитарната работа во непрофитната организација The Art of Elysium, и во дизајнот како директорка на сопствената мејкап-колекција и линија на облека. Убавата Ева е мајка на две девојчиња, со кои обожава да го поминува времето.

„Ние сме многу поврзано семејство и уживам кога ги имам покрај себе“, вели Ева.

Зошто одлучивте да соработувате токму со „АВОН“?

Затоа што соработката ми е исклучително возбудлива! Израснав со „Авон“, тетка ми беше Avon Lady, така што секогаш бев покрај производите на компанијата. И секогаш ми се допаѓаа, затоа што „Авон“ настојува да ги охрабри жените. Моето семејство не беше богато, а малкуте производи за нега што ги имаше мајка ми беа на „Авон“. Затоа што им се достапни на сите! Верувам дека популарниот бренд и понатаму стои зад своите принципи и затоа сум горда што сум дел од оваа приказна.

А Вашите рани сеќавања на мирисите?

Уште кога бев бебе, мирисот играше важна улога во мојот живот. Мајка ми ми нанесуваше кубанска колонска водица – јас сум Кубанка, одгледана на вистински кубански начин – а тоа е една цветна парфемирана вода што сите Кубанки им ги ставаат на бебињата. Отсекогаш сум емоционално врзана за мирисите, откако се сеќавам.

Можете ли да ни кажете нешто повеќе за својот живот и за односот кон светот на убавината?

Јас многу нешта за убавината научив од мојата мајка. Таа е многу убава и моите сеќавања на неа се само убави: ми претставува нешто повеќе од животот, прекрасна жена! Што се однесува до убавината, мајка ми се придржуваше до „старата школа“: мислам, таа израсна во 1950-тите, но секогаш ми велеше дека жена не смее да излезе од дома без средена коса и без омилениот кармин на усните. Иако овој совет не го следам слепо (се смее), секогаш е тука, покрај мене. За тоа како би требало да изгледа негувана жена постојат различни теории. Јас сум мошне модерна жена и не дека сметам дека мајчиниот совет е тотално неопходен, но драго ми е што секогаш ги споделуваше со нас тие слатки мали совети за негата, кои и денес ги носам во себе, затоа што ми е драго што и самата редовно ги применуваше. Речиси целиот живот беше самохрана мајка, така што супер е што секогаш ѝ придаваше важност на убавината, притоа завршувајќи ги сите обврски на најдобар начин. Сама го водеше „шоуто“, работеше и не се плашеше да ги извалка рацете. Ја сакам таа комбинација, таа комплексност на нејзиниот живот – кој сè уште го води. Навистина сум горда.

Жената игра неколку улоги. Можете ли да ни кажете како Вие успевате во секоја своја улога?

За себе мислам дека сум комплексна и дека играм голем број улоги. Како и сите жени. Да се биде жена денес значи да се работи сè. Има толку многу улоги само во еден ден: како мајка, како вработена жена, сестра, пријателка, сопруга… списокот само се продолжува… Затоа сум толку многу возбудена што имаме парфем со кој можеме да создаваме различни комбинации, да креираме различни мириси и на тој начин да се изразиме низ нашите различни улоги.

Вие сте успешна деловна жена. Што би ги посетувале жените за исполнување на своите цели?

Јас поголемиот дел од животот работев во продажба, од мојата 15-та година. Би рекла дека работев 10-15 години, откривајќи дека сум најсреќна кога продавам нешто во кое верувам. Затоа, би ве советувала да си играте и да се забавувате, уживајќи во својата работа, а тоа е возможно само доколку добро го познавате производот и верувате во него.

Разговарала: Мартина Пожгај

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

Оставете Одговор